Лесково Чешмиче - Камено — археолошко наоѓалиште во неготинското село Тремник. Претставува населба од доцната антика и среден век . На околу 2 км западно од селото, на простор од 300 × 200 м се наоѓаат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови со различна фактура, питоси, тегули и имбрекси.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 236, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Анска Чешма — некропола од римското време; Белогурија — населба и некропола од римското време; Бунарје — градиште од доцноантичкото време; Градиште — населба од бронзеното време; Лесково Чешмиче - Камено — населба од доцноантичкото време и средниот век; Мали Дол — некропола од средниот век; Романов Гроб — некропола од римското време; Студена Чешма — населба од римското време; Црквиште — старохристијанска црква; Чаир — градиште — утврдена населба и некропола од доцноантичкото време; Шесте Куќи — некропола од железното време; Тремник; Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Тремник