Чаир - Градиште — археолошко наоѓалиште во неготинското село Тремник. Претставува утврдена населба и некропола од старохристијанско време. На 0,5 км северо-северозападно од селото има висок рид со зарамнето плато на кое по површината се гледаат остатоци од одбранбен бедем, фрагменти од керамички садови и питоси, како и градежен материјал. На јужниот крај на наоѓалиштето се пронајдени гробови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 236, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Местоположба мини|250п|лево|Ридот на кој се наоѓа наоѓалиштето. мини|250п|лево|Ридот фотографиран од тремничкиот дол. Наоѓалиштето Чаир Градиште се наоѓа на 0,5 км северо-северозападно од селото Тремник, на јужниот крај на една 30-60 м висока тераса, која се наднесува над тремничкиот дол. На тоа место постои силен извор со добра вода, што ги привлекло жителите да создадат населба уште од хеленистичко време.

Галерија

Поврзано Анска Чешма — некропола од римското време; Белогурија — населба и некропола од римското време; Бунарје — градиште од доцноантичкото време; Градиште — населба од бронзеното време; Лесково Чешмиче - Камено — населба од доцноантичкото време и средниот век; Мали Дол — некропола од средниот век; Романов Гроб — некропола од римското време; Студена Чешма — населба од римското време; Црквиште — старохристијанска црква; Чаир — градиште — утврдена населба и некропола од доцноантичкото време; Шесте Куќи — некропола од железното време; Тремник; Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Тремник