Градиште — археолошко наоѓалиште во скопското село Дворце, Општина Сарај. Претставува градиште (кастел) од римското и доцноантичкото време.

На 1 км југозападно од селото, на влезот во Дервенската Клисура има висок рид што доминира над околината и чие зарамнето плато, со димензии од 60 × 40 м, е заградено со ѕид граден од камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Скопско

Наводи