десно|мини|220px|Обичен фиксен телефонски апарат Телефон (од грчки: „теле“ (τηλέ) што значи „оддалечен“ и „фон“ (φωνος) што значи „звук“) е уред за комуникација на далеку, којшто се користи така што прима и пренесува звук (главно, човечки говор) од едно место на друго и обратно.
Вовед Постојат три основни начини за поврзување на корисник на телефонската мрежа: традиционален (фиксен телефон), кој е поврзан со кабли на една одредена физичка локација; безжичен и радио телефон, коишто користат или аналогни или дигитални сигнали; сателитски телефон, кој користи телекомуникациски сателити; и VoIP врски (од англиското „Voice over IP“ што значи Говор преку Интернет протокол) што се користи при Интернет врска. Врската помеѓу крајните корисници, може да се врши преку оптичко влакно, микробранови, сателитска врска или со комбинација на овие. До скоро, кога би се рекло телефон, главно се мислело на фиксен телефон. Безжичните и мобилните телефони се сега распространети ширум светот, при што се очекува мобилниот телефон на крајот потполно да ги замени „традиционалните“, фиксни телефони. За разлика од мобилните телефони, безжичните се сметаат за „фиксни“ телефони, зашто обично имаат домет од 150 до 300 метри и се поврзуваат на базна станица којашто е поврзана со кабeл на мрежата на фиксната телефонија.
Делови на телефонот десно|мини|160px|Телефон од 1896 од Шведска Деловите на телефонот се: МТК (Микротелефонска комбинација), односно слушалка, Тастатура или бројчаник, зависно од моделот, макар што денес сè повеќе се користат телефони со тастатура ѕвоно и други делови
Историја Останува неразрешено кој го измислил првиот телефон, зашто Антонио Меучо, Јохан Филип Рајс, Александар Бел и други - сите се кандидати за оваа титула. Важно е да се запамети дека не постои „единствен пронаоѓач на телефонот“. Состојбата на телефонијата каква што е денес е резултат на работа на многу раце, од кои секоја помош била доста вредна. десно|мини|200px|Безжичен телефон
Безжични телефони Безжичните телефони прв ги измислил Тери Пол, во 1965 година. Тие се составени од базна станица којашто преку кабел е споена со мрежата на фиксната телефонија, и слушалка којашто со радиобранови е споена со оваа базна станица. Тоа на корисниците им дозволува да ја носат слушалката без базна станица, во досегот на базната станица. На базните станици им е потребен напон за да комуницираат со преносната слушалка, така што безжичниот телефон во принцип не функционира доколку нема струја. Безжичните телефони во почетокот ја користеле честотата од 1,7 MHz за комуникација помеѓу базата и слушалката. За да се подобри квалитетот и за да се надминат проблемите со ограниченоста на досегот, ова подоцна се променило така што се користи FM на повисоки честоти (49 MHz, 900 MHz, 1,8 GHz, 2,4 GHz, и 5,8 GHz). Телефоните кои работат на честота од 2,4 GHz често се мешаат со одредени безжични мрежни протоколи (802,11 b/g) затоа што ја користат истата честота. Денес, досегот на безжичните телефони обично е 150-500 метри.
Телефонот како тема во уметноста и во популарната култура мини|Телефон Телефонот како мотив во книжевноста „Телефонски басни“ - поетска збирка на словенечкиот писател Густав Крклец.„Хронологија“ во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 160. „Најдобриот другар на Лука“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.<ref>Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 43-44.</ref> „Јаков и телефонот“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 45-46.</ref> „Љубов преку жица“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.<ref>Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 47-48. „Сакав само да телефонирам“ — расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес Габриел Гарсија Маркес, Дванаесет искушенија. Скопје: Три, 2008. „Телефонски разговор“ — расказ на македонската писателка Цветанка Трпкова.Цветанка Трпкова, Раздавање на душата. Скопје: Темплум, 2023, стр. 81-88. „Смртта на бројот 180“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 39. „Телефон“ — песна на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 244-246. „Слушалка“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 313.
Телефонот како мотив во популарната музика „Телефонски повик од Истанбул“ (англиски: Telephone Call From Istanbul) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1987 година.DISCOGS, Tom Waits – Franks Wild Years (пристапено на 20.7.2019) „Лоша врска“ (англиски: Bad Connection) — песна на англиската електро-поп група Јазу (Yazoo) од 1982 година.Yazoo – Upstairs At Eric's (пристапено на 12.12.2023) „Телефон“ (англиски: Telephone) - песна на американскиот рок-музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1980 година.YouTube, Telephone - Captain Beefheart & His Magic Band (пристапено на 3.10.2017) „Меѓуградски телефонски повик“ (англиски: Long Distance Call) — песна на американскиот блуз-музичар Мади Вотерс (Muddy Waters).Muddy Waters – The Anthology (пристапено на 1.4.2023) „Телефонски повик“ (англиски: The Telephone call) - песна на германската електро-поп група Крафтверк (Kratfwerk) од 1986 година.YouTube, Kraftwerk - The Telephone Call (пристапено на 1.7.2017) „Црвениот телефон“ (англиски: The Red Telephone) — песна на американската рок-група Лав (Love) од 1967 година.Love – Forever Changes (пристапено на 1.3.2023) „Висејќи на телефон“ (англиски: Hanging on the telephone) - песна на американскиот музичар Џек Ли (Jack Lee).YouTube, Blondie - Hanging on the Telephone (пристапено на 18.3.2017) „Телефон“ - песна на македонската група ПМГ Колектив од 2012 година. „Телефонски повик“ (англиски: The phone call) - песна на британската рок-група Притендерс (Pretenders) од 1979 година.YouTube, Pretenders Pretenders Debut Full album vinyl LP (пристапено на 5.6.2017) „Њујоршки телефонски разговор“ (англиски: New York Telephone Conversation) — песна на американскиот рок-музичар Лу Рид (Lou Reed) од 1972 година.Lou Reed – Transformer (пристапено на 7.2.2024) „Телефонска секретарка“ (англиски: Answering Machine) - песна на американската рок-група Риплејсментс (Replacements) од 1984 година.YouTube, Replacements- Answering Machine (пристапено на 24.11.2019) „Телефон“ - песна на југословенската рок-група Фит.YouTube, Fit - 13 Telefon (Live Uz Rijeku) HQ (пристапено на 8.4.2017) „634-5789“ — песна на американскиот соул-музичар Еди Флојд (Eddie Floyd).YouTube, 634-5789 - Eddie Floyd (пристапено на 9.6.2021) „Телефонско нешто“ (англиски: Telephone Thing) — песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1990 година.YouTube, The Fall - Extricate (1990)(full album) (пристапено на 29.6.2017) „Телефон“ (англиски: Telephone) — песна на американската рок-група Флипер (Flipper) од 1993 година.YouTube, Flipper - Telephone (пристапено на 11.9.2022) „Девојка на телефон“ (англиски: Girl On The Phone) — песна на англиската рок-група Џем (The Jam) од 1980 година.DISCOGS, The Jam – Setting Sons (пристапено на 3.6.2020)
Телефонот како мотив во филмот „Мобилен телефон“ - кинески филм од 2003 година, во режија на Сјаоганг Фенг.Кинотека на Македонија, Програма - февруари 2017.
Наводи
Категорија:Технологија Категорија:Општење Категорија:Телекомуникации Категорија:Германски пронајдоци Категорија:Шкотски пронајдоци Категорија:Американски пронајдоци Категорија:Канадски пронајдоци Категорија:Апарати за домаќинството Категорија:Грцизми