Падарница — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Мрзен Ораовец, Општина Росоман. Претставува утврдена населба од старомакедонско и римско време.
На висок рид со доминантна положба, што се наоѓа на 2 км југоисточно од селото, се забележуваат остатоци од помала утврдена населба. На површината има фрагменти од керамички садови, а најден е голем број монети, и тоа од македонските градови Тесалоника (подоцна Солун), Пела и Амфипол; римски републикански монети и монети од царевите Домицијан, Теодосиј, Анастасиј и др.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско
Наводи