Шваневеде () — општина во округот Остерхолц, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 14 километри западно од окружниот град Остерхолц-Шармбек и 22 километри северозападно од градот Бремен.
Географија Соседни места
Шваневеде се граничи на запад со реката Везер (западно од нејзе е округот Везермарш), на север е општината Хаген им Бремишен (со местата Зандштет, Утледе и Вулсбител, во округот Куксхафен), на исток е градот Остерхолц-Шармбек и општината Ритерхуде (обете во округот Остерхолц), додека на југ е градот Бремен (со местата Блументал, Фегезак и Бурглезум).
Општински единици
Општината Шваневеде, покрај од истоименото главно место со 9.932 жители, се состои од уште единаесет други места (состојба 30 јуни 2007 г.), кои некогаш се поделени на други делови: Ашварден (402 жители) со местата Брух и Хасел Бекедорф (1.413 жители) со местата Фредехолц, Розенбуш, Зандфурт, Шванкенфурт, Фолерсхаген и Велпше Брундорф (380 жители) со местата Лилкендај и Карлсхорст Егештет (186 жители) Харирсанд (78 жители) со местото Вилхелмсплате Хинебек (265 жители) со местото Хинебекерфурт Лојхтенбург (1.321 жител) со местото Холтхорст Ленхорст (908 жители) со местото Хоехорст Мајенбург (1.507 жители) со местата Дам, Миленгрунд, Бракланд и Гросер Камп Нојенкирхен (3.423 жители) со местата Геспе и Штелербрух Раде (238 жители) со полуостровот Ферплате
Со општинската реформа во 1974 година, островот во Везер, Харирсанд припаѓа на општината Шваневеде. Тој е еден од најдолгите речни острови во Европа и има песочна плажа.
Места на Шваневеде
Главното место се состои од следниве единици: Бринк, Драјенкамп, Флахсберг, Хамфер, Хиенштајн, Керкхоп, Клипенај, Келхорст, Копелсберг, Крајенмор, Лангенберг, Лемхорст, Метјензанде, Рајтберг, Шукамп, Зитландсвер, Трентхепен, Форберг и Фосхал.
Историја
Концентрацискиот камп Фарге се наоѓал во местото Нојенкирхен.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Остерхолц