30 п.н.е. Октавијан (подоцна познат како Август) ја освоил Александрија во Египет. 527 Јустинијан I станал самостоен владетел на Византиското Царство. 1291 Со потпишувањето на Федералната повелба, основана е Швајцарската Конфедерација. 1492 Фернандо II Арагонски и Изабела I Кастиљска ги протерале Евреите од Шпанија. 1498 Кристофер Колумбо станува првиот Европеец што ја посетува Венецуела. 1834 Ропството е укинато во Велика Британија. 1902 САД ги откупиле правата на Панамскиот Канал од Франција. 1944 Ана Франк го пишува последниот запис во својот „Дневник“. 1960 Исламабад е прогласен за главен град на Пакистан. 1981 Во 12:15 ч. напладне, спотот за песната Video Killed The Radio Star („Спотот ја уби радиоѕвездата“) од Баглс станува првиот спот емитуван на MTV, една од најпознатите телевизии посветени на музиката и современата поп-култура. 2012 Пуштена во погон хидроелектраната „Света Петка“ на реката Треска.
1 август