1305 Вилијам Волес, водачот на Шкотите во нивната борба против Англија е заробен од Англичаните во близина на Глазгов и е одведен во Лондон за судење и погубување. 1789 Нецел месец по почетокот на револуцијата, Националното собрание на Франција ги укинало привилегиите на аристократијата и свештенството, со што практично го укинало феудализмот. 1858 Поставен е првиот прекуатлантски кабел со кој се воспоставени телеграфски врски меѓу Канада и Велика Британија. 1884 На влезот на њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуата на слободата. 1962 Затворен е Нелсон Мандела. Од затвор нема да биде пуштен сè до 1990 година. 1974 Американскиот претседател Ричард Никсон, предавајќи му ја магнетофонската лента на истражниот судија, јавно призна дека учествувал во прикривањето на аферата „Вотергејт“.
5 август