1071 Во Битката кај Манцикерт меѓу Византија и Селџучкиот султанат, византиската војска доживеала срамен пораз, а царот Роман IV Диоген бил заробен. 1498 Микеланџело бил најмен да ја направи скулптурата „Пиета“. Ја завршил следната година, а денес е сместена во базиликата „Св. Петар“ во Ватикан. 1789 Во Версај, Уставното собрание ја донесува Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот. 1883 Избув на вулканот Кракатау во Тихиот Океан. Како последица на избувот и на создаденото цунами, загинале над 36.000 луѓе. 1922 Турската војска предводена од Мустафа Кемал Ататурк започнала офанзива против грчките сили кај Измир, која довела до целосна загуба на грчките територии во Мала Азија и иселување на околу 1 милион Грци од Турција. 1936 Постигната е спогодба за окончување на британската окупација на Египет, со исклучок на зоната на Суецкиот Канал. 1945 Во Битола бегалците од Егејска Македонија излегоа на протестен митинг со барање да престане теророт и прогонот на Македонците спроведуван од страна на грчките власти. 1972 Отворени се Дваесеттите олимписки игри во Минхен - Германија кои во историјата, останаа засенети поради нападот на припадниците на организацијата „Црн септември“ на олимпиското село и убиството на 11 израелски спортисти. 2005 Туркменистан ја напушта Заедницата на независни држави. 26 август
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 26 август (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.