1929 Рударите од рудникот Лојане, кумановско, стапија во штрајк. Поради тоа овој ден е прогласен за Ден на рударите на Македонија. 1963 Пред околу 200.000 поддржувачи во Вашингтон Мартин Лутер Кинг го одржал познатиот говор за правата на црнците „Имам еден сон“. 1991 Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излезе првиот број на неделниот спортски магазин „Скок“. 1996 На православниот христијански празник Успение на Света Богородица во црквата „Света Богородица“ кај Берово, од громовите што удрија во масата 10-15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40-мина беа повредени. 1996 Во Битола, на празникот Успение на Света Богородица проработи првото црковно радио на подрачјето на Преспанско-пелагониската епархија. 28 август
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 28 август (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.