Сехертави Интеф I — локален номарх во Теба за време на раниот Прв среден период и првиот член на 11-та династија кој имал Хорово име. Интеф владеел од 4 до 16 години околу 2120 година п.н.е. или околу 2070 година п.н.е., и за тоа време тој веројатно водел војна со неговиот северен сосед, коптскиот номарх Тјаути. Интеф бил погребан во саф гробница кај Ел-Тариф, познат денес како Саф ел-Даваба.
Извори Интеф е познат со сигурност само од еден блиско современ споменик: два впишани блока од храмот Монту кај Тод, кои се подигнати за време на владеењето на Ментухотеп II. Блоковите го претставуваат Ментухотеп II свртен кон имињата на тројца негови предци кои се идентификуваат според нивното соодветно име и Хоровото име. Тоа се Интеф (I) Сехертави, Интеф (II) Ваханхк и Интеф (III) Нахт-неб-теп-нефер (иако во овој случај се зачувани само Хоровите имиња Сехертави и Ваханк).Labib Habachi: King Nebhepetre Menthuhotep: his monuments, place in history, deification and unusual representations in the form of gods, in Mitteilungen des deutschen Archaeologischen Instituts, Kairo 19 (1963), fig. 22) Овој релјеф го покажува наследувањето на кралевите од 11-та династија.
Нема современи споменици што можат со сигурност да му се припишат на Интеф I.Schneider, op. cit. p. 161 Можен исклучок е краток натпис откриен во западната пустина: „трупите за напад на синот на Ре, Интеф “. Во оригиналното објавување на натписот, овој крал Интеф е идентификуван со Интеф I, иако како можност е предложен и Интеф II. Натписот се наоѓа во близина на натпис нарачан од современиот коптски номарх по име Тјаути).John Coleman Darnell: Theban Desert Road Survey in the Egyptian Western Desert, Volume I, Chicago 2002, , 38-46
Владеење мини|Дворот на саф гробницата на Интеф I, кај Саф ел-Даваба Сехертави Интеф I бил првиот член на неговата династија кој ја презел фараонската титула со Хоровото име Сехертави, што може да се преведе како „Создател на мирот во двете земји“, „Тој што донесе смиреност во двете земји“ и „Миротворец на две земји“.Nicholas Grimal, A History of Ancient Egypt (Oxford: Blackwell Books, 1992), p. 143 Родители на Интеф можеби биле Ментухотеп I и Неферу I.
Преземајќи Хорово име со обете круни, Интеф се прогласил за владетел на целиот Египет. Сепак, другите номарси на Египет го оспорувале неговиот авторитет, меѓу кои главни биле владетелите на 10-та династија во Хераклеополис Магна, кои исто така сметале дека им припаѓа титулата фараон, како и нивниот моќен сојузник Анктифи, номарх од Хиераконполис и верен следбеник на династијата Хераклеополит.Grimal, p.142 При неговото доаѓање на тебанскиот престол, Интеф веројатно владеел само со Тебанската (четврта) област, но се претпоставува дека откако го победил Анктифи или еден од неговите наследници, Интеф ги стекнал трите дела од југот на Теба, до Елефантин и на север сите територии јужно од границата со коптската област. Алтернативно, ова можеби го постигна претходникот на Интеф, Ментухотеп I. Двете хипотези остануваат претпоставки со оглед на малата историска евиденција за овој период.
Гробница Погребниот комплекс на Интеф бил ископан на рид кај Ел-Тариф на спротивниот брег на Нил во Теба, и денес е познат како Саф ел-Даваба. Локалитетот Ел-Тариф содржи три монументални кралски гробници, познати како саф гробници. Написите пронајдени во едната гробница укажуваат на тоа дека таа му припаѓала на Ваханк Интеф II, наследникот на Интеф I. Од друга страна, во Саф ел-Даваба нема натписи, но го има најраниот вид керамика пронајден во Ел-Тариф и, поради оваа причина, најчесто му се припишува на Интеф I.Rasha Soliman: Old and Middle Kingdom Theban Tombs, London 2009 , 31-35 Саф ел-Даваба се состои од голем 300 на 75 метри пропаднат двор, поддржан од колонада што води до капела во мртовечница ископана во ридот и придрена од две комори. Под погребната капела била ископана погребната комора на Интеф I.
Наводи
Категорија:CS1-одржување: ref=harv Категорија:Единаесетта египетска династија Категорија:Фараони од Единаесеттата египетска династија