Оваа статија е за археолошкото наоѓалиште. За ридот и вулканската купа, видете Плоча (вулканска купа)

Плоча — археолошко наоѓалиште во штипското село Брест. Претставува градиште од средниот век.

Претставува висок рид што се издига на патот Штип-Радовиш, од десната страна. Има зарамнето плато на кое се забележуваат остатоци од темели на бедем и фрагменти од керамички садови. Т. Томоски на ова место го лоцира средновековниот град Добрун.

Галерија

Поврзано Брест; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.

Наводи