Емилија Златкова Анастасова ( , ) — македонска писателка. Од петтата година живеела во Пробиштип, каде завршила основно и средно училиште. Таа завршила македонска книжевност и македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.Таа била основач на издавачката куќа „Збор“ и главен уредник во истата.
Моментално живее и работи во Велес.
Творештво Автор е на книгите:
„Волшебното синџирче“ 2000 г. (роман за деца и млади), „Нов Ден, Нова Песна“ 2003 г. (поезија), „Поглед кон невидливото“ 2020 г. (збирка драми), „Близнаци“ 2020 г. (прв роман за возрасни), „Детето во снегот“ 2020 г. (раскази). „Неверство “ 2021 г. (роман) „Каде е Емили?“ 2021 г. (роман) „Новогодишна ноќ“ 2021 г. (роман) „Невообичаен Велигден“ 2022 г. (роман) „Одмазда“ 2022 г. (роман) „2248“ 2024 г. (роман)
Наводи
Категорија:Луѓе од Пробиштип Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски писатели за деца Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски Македонци