Британскиот мафин е мал, кружен, рамен леб од квасец, кој најчесто се сече хоризонтално, се става на тост и се мачка со путер. Често е дел од појадокот во Северна Америка и Австралија, често се јаде со слатки или солени додатоци како овошен џем или мед, или јајца, колбаси, сланина или сирење. Британските мафини се неопходна состојка во јајцата Бенедикт и разновидните сендвичи за појадок добиени од него, како што е Мекмафин.

Во Северна Америка и териториите под влијание на Северна Америка, тие се нарекуваат британски мафини за да се разликуваат од обичните мафини, кои се поголеми и послатки минијатурни брзи лебови. Британските мафини се достапни во широк спектар на вкусови, вклучувајќи интегрална пченица, мултижитарки, цимет суво грозје, брусница и јаболко цимет.

Потекло Зборот мафин се смета дека потекнува од зборот muffen од долногерманскиот јазик, што значи „мали торти“. Во почетокот на XIX век мафините се продавале од врата до врата во Англија од страна на продавачите како закуска пред повеќето домови да имаат свои фурни.

По држави

Соединети Американски Држави Британските мафини за првпат се спомнале во американските весници во почетокот на 1859 година, , а детални описи за нив и рецепти биле објавени во 1870 година. мини|„Куќата на мафините“ во Менхетен, дом на првата пекарница на Самуел Бат Томас

Обединето Кралство десно|мини| Интегрални британски мафини од Теско во Абингдон, Англија. Британските мафини во Велика Британија едноставно се нарекуваат мафини. Мафините во САД понекогаш се нарекуваат американски мафини, американски стил мафини,American muffins at cakebaker.co.uk; retrieved 27 January 2019 или слатки мафини, но обично само за разликување или за целите на брендирањето. Општо земено, зборот мафини се користи скоро секогаш, обично без забуни или недоразбирање.

Германија Британските мафини, познати како „лепче за тост“ (Toastbrötchen) се достапни во повеќето големи супермаркети низ Германија.

Поврзано

Мафинсладок леб (на американски англиски) Крампет

Наводи

Категорија:Британска кујна