Грчкиот кафенец (Polyommatus aroaniensis) е пеперутка од видот на пеперутки синци.
Опис Оваа пеперутка е опишана за прв пат од Џон Бран во 1976 година. Живее на Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија.
Распонот на крилјата на пеперутката е од 28 до 32 мм. Горната страна на крилјата кај пеперутките е темнокафена боја. Коренот на крилјата е во црна боја, а телото е темнокафено. Рабовите се во бела боја, а вените во темнокафена. Долната страна на пеперутката е светлокафена, односно кремаста боја. Има црни и бели точки со различна големина и форма. Вените се во кафена боја.Lepidoptera.pl Возрасните единки летаат од јули до август. Ларите се хранат со растението Onobrychis.
Наводи
Поврзано Пеперутки во Македонија
Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Синци