Пулејковата пеперуга (Hamearis lucina) е пеперутка од видот на пегави пеперутки. Оваа пеперутка е единствената која го сочинува овој вид на пеперутки. Пеперугата живее и во Македонија.
Опис Крилјата кај мажјаците имаат распон на крилјата од 29 до 31 мм, а кај женките од 31 до 34 мм. Основната боја на горната страна на крилјата е темнокафена, а со истата боја е и телото и антените. Како што посочува и самото име на видот на пеперутките, горната страна на крилјата е исшарана со пеги (дамки) во жолта боја. Самите краеви на крилјата се во бела боја.
Распространетост Овој вид на пеперутки живее во западниот дел на Евроазија, поточно од Шпанија и Велика Британија па сè до Балканот. Пеперугата сака тревни површини покрај варовници и шуми.
Поведение Возрасните единки покажуваат различно однесување кај мажјаците и женките. Мажјаците се територијални, покажуваат одбрамбено однесување на мали заштитени простори. Помеѓу мажјаците може да се забележат и борби во лет. Женките се помалку „истакнати“, но често летаат поминувајќи до 250 метри.
Растенија Во Велика Британија пеперутката живее на растенијата Primula veris, Primula vulgaris, Primula veris, а во светот и на Primula elatior.
Поврзано Пеперутки во Македонија
Наводи
Категорија:Пегави пеперутки Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј