Сицилиска зора (Anthocharis damone) е пеперутка од видот на пеперутки белци. Оваа пеперуга ја има и во Македонија.
Распространетост Пеперугата живее во Јужна Европа и Мала Азија. На пример, во Ерменија пеперугата претпочита шумски и тревни предели со надморска висина од 1200 до 2200 метри.
Опис Оваа пеперуга покажува визуелни разлики помеѓу машки и женски пол. Горната страна кај мажјакот е поделен на две полиња, предниот дел е во портокалова боја, а задниот во жолта. Помеѓу двете бои има нијанса на црна. Женката пак има бели предни делови со црно-кафени врвови и бледожолт заден дел. Телото и антените се црни. Долната страна, во задниот дел е ист кај двата пола, кои наликуваат на сушен лист, односно жолто поле со шарени кафени дамки. Предниот дел кај мажјаците е портокалов и жолт со шарени жолто-црни шари на врвовите. Кај женките има само бела боја со шарени шолто-црни шари. Двата пола имаат црна дамка во предниот дел на крилјата..Julius Röber, 1909 Pieridae, pp. 39-74, 374, pls. 17-27. In: Seitz, A. (ed.), Die Groß-Schmetterlinge der Erde. 1. Band. Die palaearctischen Tagfalter. – Stuttgart, Fritz Lehmann.
Наводи
Поврзано Пеперутки во Македонија
Надворешни врски Пеперуги во Европа