thumb|left|<center>Сателитска фотографија од езерото Увс Нур thumb|left|400px|<center>Положба на езерото Увс Нур во Убсунурската котлина

Увс Нур (монголски јазик: Увс нуур, руски јазик: Убсу-Нур или Убса) е високосолено езеро кое се наоѓа во пограничното подрачје помеѓу Монголија и Русија (помал дел). Североисточниот дел на езерото се наоѓа во Руската Република Тува, а најголемата населба е во монголскиот дел, Улагом. Ова многу солено и плитко езеро е остаток од големото солено море кое зафаќало многу поголема површина пред неколку илјади години. Увс Нур, со површина од 3.350 км², е најголемото езеро во Монголија и се наоѓа на 759 метри под нивото на морето, во депресијата на Убсунурските басени, кревок затворен слив (ендорејски базен).Ubsunurska kotlina као део Мреже светских резервата биосфере. посетено 20. 02. 2011. Во долината Убсунур, најсеверната пустина на светот се среќава со најјужната зона на тундри на северната полутопка. Долината има површина од околу 70.000 км² и претежно се состои од ледник, алпска тундра, суб алпски пасишта, планинска тајга, но исто така и пошумена и гола степа со некои полупустински области, па дури и песочни пустини со дини. Бидејќи долината се наоѓа на границата на климатските зони Сибир и Средна Азија, температурите можат да варираат од -58 °C во зима до 47 °C во лето. И покрај ваквата екстремна клима, овој разновиден предел има и голема биоразновидност,Ubsunurska kotlovina na stranicama ruskog Greenpeace-a. Посећено 19. 02. 2011. и е дом на повеќе од 173 видови птици и 41 цицачи, вклучително и загрозени видови како снежниот леопард (Panthera uncia), аргали овци (Овис амон) и сибирски диви кози (Сибирска Капра). Отсуството на индустрија и зависноста на населението од традиционалната номадска пасторална грижа имаа минимално влијание врз пределот, оставајќи го речиси недопрен. Затоа, од 2003 година, биосферниот резерват од долината Убсунур (неговите 1.069 ха) е испишан на УНЕСКО - виот Список на места на светско наследство во Азија и АвстралијаUvs Nuur Basin - UNESCO World Heritage Centre

Наводи

Надворешни врски

Увс Нур Заштитено подрачје во басенот на Увс Нур

Категорија:Светско наследство во Русија Категорија:Езера во Русија Категорија:Тува Категорија:Меѓународни езера во Азија