Ваисигано (самоански: Vaisigano) е округ во Самоа. Округот се наоѓа на островот Саваи.

Географија

Округот го зафаќа западниот крај на островот Саваи. Административен центар на округот е Асау. На самоански округот се именува и како „Itu Asau“, односно „асауански округ“.

Вкупното население на округот, според пописот од 2006 година е 6.543 жители.

Во рамките на округот се наоѓа и резерват, заштитена област за желки, околу селото Ауала, како и резерват-прашума во Фалеалупо.

Во округот се наоѓа и селото Ваисала, роден крај на поглавицата Ваи Колоне, кој бил двапати премиер на Самоа во 1980-те. Колоне е и основан на моменталната владејачка партија на Самоа.

Ваисигано има силни врски со кланската титула Тонумаипеја на локално ниво, а на државно ниво со Туиана.

Наводи

Поврзано Саваи Окрузи во Самоа

Категорија:Окрузи во Самоа