мини|Изебек каналот во 2005 година мини|Внатрешни градски канали во Хамбург Каналот Изебек (изворно: Isebekkanal) ― канал во Хамбург, Германија. Има должина од околу 3 км и е остаток од поранешниот поток Изебек. Малиот поток Отерсбек се влева во него. Изебек каналот се влева во Алстер.
Местоположба Каналот се наоѓа во квартовите Ајмсбител, Хоелуфт-Запад, Хоелуфт-Исток, Харвестхуде и Епендорф.
Изебек каналот, особено соседната улица Кајзер-Фридрих-Уфер (позната и под кратенката Каифу) е позната со џогери и пешаци,Entlang dem Ufer des Isebekkanals, Hamburg.de исто така јавниот отворен базен на Каифу-Бад може да се најде тука.
Историја Исебек значи железен поток. Името потекнува од високата содржина на железо во водата. Железото се претпоставува дека идело од мала притока која го плакнела железото од ливадите во Лангенфелде во поранешниот Изебек.Horst Beckershaus: Die Hamburger Straßennamen. Woher sie kommen und was sie bedeuten, 5. ed., Hamburg 2002 Првично, потокот течел од својот извор кај Баренфелд во езерцето Диебштајх (кое се наоѓало на улицата Килер Штрасе) и оттаму во Алстер. Имињата на улиците Изебекштрасе и Изебекстиг (во близина на денешната станица Дибштајх) потсетуваат на поранешниот поток.
Наводи
Категорија:Канали во Германија