Тицијан или Тицијано Вечели ( 1487/1490 - ), прочуен италијански сликар, основач на Венецијанската сликарска школа, автор на голем број слики кои претежно ги прикажуваат животот и обичаите на Венецијанската Република. Роден е во Пјеве ди Кадоре (Венето).
Починал од епидемијата на чума што ја зафатило Венеција 1576 година.
Животопис
Тицијан бил најважната и највлијателна фигура во областа на ликовната уметност на преминот од ренесансата во барокот. Кога имал десет години неговите родители го испратиле во Венеција, каде се школувал во работилницата на Себастиан Цукато и Џовани Белини.
Во 1532 година во Болоња го насликал Карло V, по кое бил прогласен за гроф и витез на златните мамузи. Исто така работел и во дворот на Филип II. Својот прв голем успех го оствариl со делото Успение на Богородица насликана во црквата Фари во Венеција. Од најзначајните дела се издвојуваат и Небесна и земна љубов, Портрет на папата Павле III, Портрет на Карло V, Венера Урбино, Мадона Песаро.
Категорија:Италијанска ренесанса Категорија:Сликари од Венеција Категорија:Римокатолички христијани од Италија Категорија:Италијански ренесансни сликари