Горна Горица () — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија.

Географија Селото е сместено во историско-географската област Долни Дебар, на левиот брег на Црн Дрим и на деснииот брег на Видоѕвезда, пред нејзината утока во него. Понекогаш селото се вбројува во областа Голо Брдо. На околу 1 км источно е државната граница со Македонија, каде од другата страна е селото Селокуќи.

Историја Албанизацијата на Горица (Долна и Горна) почнала порано отколку во другите места и со време македонското население било истиснато и/или асимилирано од албански доселеници од други места.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Горица било дел од областа Мала Река (Грика Вогел) и во неа живееле 90 лица Арнаути муслимани.

На почетокот на XXI век јазичарите Клаус Штајнке и Џелал Јули спровеле теренско испитување со цел да ја проверат тековноста на постарите извори за македонојазичните („словенојазични“) села во Албанија. Ја посетиле Горица, и на тоа подрачје не откриле словенојазични жители ни по извршените подробни интервјуа со мештаните.

Во 1940 г. Миленко Филиповиќ напишал дека Горица е големо албанско село од околу 130 куќи и го врбојува во областа Голо Брдо. Околу 50 куќи образуваат голема населба, а останатите се поставени наоколу во групи насобрани околу поединечни одбранбени кули. Според него, сите жители на селото тогаш биле преселници од Зоѓај, Хомеш и Зрклени.

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Горица.

Личности Владан Горица (? – 1465) — советник на Скендербег, роден во Горна или Долна Горица

Поврзано Долна Горица (Дебар) Долни Дебар Голо Брдо

Наводи

Категорија:Села во Албанија Категорија:Булчица Категорија:Голо Брдо