мини|десно|250п|Спомен-плоча на Христо Узунов Христо Димитров Узунов или познат како Арсениј, Арсо, Дуле, Маглата, Ристо, СамуилПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 91 или Дуле Узунов (Охрид, 22 октомври 1878 – Цер, 24 април 1905) — македонски револуционер, учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ. Се школувал во Солун и учествувал во солунските училишни бунтови (1896). Лежел во битолскиот Централен затвор Катилане (1898 и 1902–1903). Од 1903 година бил поставен за главен војвода на охридските револуционерни чети. Учествувал на Смилевскиот конгрес. Во Илинденското востание бил член на Горското началство (Штабот) за Охридскиот револуционерен реон. Учествувал во спасувањето на збегот од Рашанец на ок. 200 семејства. На Прилепскиот конгрес бил избран за секретар и за окружен ревизор на четите на МРО за Охридско, Струшко и Кичевско. Загинал со четата опколен од турска војска. Потекло
Охрид Градската архитектура на Охрид зазема посебно место во културното наследство поради тоа што овде, повеќе отколку во другите македонски градови, е зачуван изразитиот тип на ориенталната градска куќа ѕидана во текот на XVIII, XIX и почетокот на XX век. Народните мајстори ги ѕидале овие куќи под влијание на ориенталната и византиската градежна традиција.
По укинувањето и присоединувањето на Охридската архиепископија кон Цариградската патријаршија во 1767 година, се засилило влијанието на елинизмот. Отпорот против грчкото духовно ропство, особено се заострил по 1860 година, по назначувањето на злогласниот владика Мелетиј за охридски митрополит. Не само во Охрид туку и во Македонија, борбата против грцизмот прв ја повел македонскиот просветител Димитрија Миладинов, роден во Струга, учител на поетите Григор Прличев и Рајко Жинзифов. Тој бил затворен во Цариград, каде што заедно со својот брат, поетот Константин Миладинов биле отруени. Отпорот на напредните слоеви на македонското население против грчкото духовно ропство во Охрид продолжил на чело со поетот Григор Прличев, автор на поемите Сердарот и Скендербег. Во 1869 година со султанов хатишериф биле укинати грчките училишта во Охрид.
По одржаниот плебисцит од 1874 година во Охрид е назначен митрополитот од Бугарската егзархија, откако 9387 души христијани гласаат позитивно, а само 139 лица христијани гласаат против и сакаат да останат под владеењето на Цариградската патријаршија. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ издадена во Цариград во 1878 година, во Охрид живеат 2 700 домаќинства, од кои 2 000 жители муслимани, 4 450 Mакедонци под Егзархијата , 450 Власи и 200 Роми Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 100-101..
Во 1880 година се создава Охридскиот заговор, потикнат од митрополит Натанаил Охридски. Во тоа време тој престојува во Бугарија и раководи со Охридската епархија со митрополитскиот протосингел архимандрит Дионисиј. Целта на заговор е кревање на востание на Македонците во Западна Македонија. Заговор е откриено во пролетта 1881 година и властите уапсиле многу заговорници од Охрид и околните села.
Семејство Христо Узунов е роден на 22 октомври 1878 година во Охрид. Татко му Димитар Узунов бил долгогодишен учител и борец за независна црква, близок и роднина на Григор Прличев, а неговата мајка Анастасија Узунов потекнува од стариот струшки просветистелски род Чакарови, таа е ќерка на Георги Чакаров, и е прва братучетка на Христо Матов и Милан Матов Матов, Милан. Най-комитата разказва..., София, 2002, стр. 40.. Христо Узунов, заедно со двајцата свои помали браќа Андон и Ангел (исто така дејци на Македонската револуционерна организација), бил воспитуван од мајка си во патриотиски дух Радев, Симеон. Ранни спомени, Български писател, 1969, стр. 3162..
Кон македонскиот пантеон
Први револуционерни чекори По завршувањето на основното училиште во Охрид, учи во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во 1894-1895. Таму бил привлечен кон идеите на Македонската револуционерна организација од страна на Даме Груев и раководел со училишниот бунт од 1896 година.
Потоа е учител во Охрид. На 5 август 1898 година Методи Патчев, со помош на Христо Узунов и Кирил Прличев, синот на Григор Прличев, во центарот на Охрид го ликвидирал србоманот Димитар Грданов. Христо Узунов, заедно со истомислениците бил уапсен и лежи 9 месеци во затвор. Во периодот помеѓу јануари 1902 година - март 1903 година е повторно затворен во Битолскиот затвор. По излегувањето од затвор го зазема местото на штотуку убиениот охридски војвода Тома Давидов.
Смилевски конгрес
мини|десно|250п|Меморијалниот музеј во с. Смилево, посветен на Смилевскиот конгрес Најголемиот број од делегатите веќе на 18 април 1903 година се собрале во селото Смилево. Соселаните на Даме ја сфатиле честа како и одговорноста од престојот на такво мноштво на револуционерни првенци во нивното село. Дел од месната вооружена сила, деноноќно ја вардела целата околина на час, час и половина растојание, а стотина души вооружени смилевци биле на нозе внатре во селото.
По предлог на Сарафов, за претседател бил избран Даме. За секретари биле посочени и прифатени Георги Поп Христов и Парашкев Цветков. Смилевскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според решенијата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди одлуката за кревање востание. Во таа насока се развила остра дискусија, во која се јавила струја која сметала дека условите за сенароден бунт, сè уште, не се созреани. На првиот ден од конгресот од излагањето на делегатите било утврдено дека Прилепскиот, Битолскиот, Кичевскиот и некои делови на други реони не се достатно подготвени. Меѓу делегатите се јавиле лица кои биле против востание во текот на таа година како што биле: Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев, Тале Христов, Никола Карев, Никола Петров Русински и други. Во една крајно напната атмосфера по повод острите расправии околу решението за востание. Несогласувањата ги прекинал Даме Груев, кој како еден од основачите на Организацијата и претставник на неговиот Централен комитет, уживал огромен авторитет. Според сеќавањата на Пандо Кљашев, тој рекол:
А бре луѓе, не губете си го времето да го решавате прашањето - ќе, има ли востание или не, зашто тоа е решено - битти даваси! Говорете сега за востание, како да го направиме и кога, но не по ден и по време Спомени на П. Кљашев..., 242.
Бил избран Главен штаб за II Битолски револуционерен округ со тројца членови: Даме, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев Васил Чекеларов, Дневник..., 223. Конгресот го задолжил Главниот штаб да го одреди и датумот на востание. Бил изработен Востанички дисциплински устав, со кој се определувале правата и должностите на востаниците, на реонските горски начелства и на ГШ.
Илинденско востание
I востанички округ - Битолски
Борби десно|мини|250п|Четата на војводата Смиле Војдановмини|лево|200п||Антон Кецкаров "Изъ споменитѣ ми по революционното дѣло въ Охридско" от Антон Кецкаров. Илюстрация Илинденъ, София, януари 1931 г. На Илинден, Охридско имал веќе подробно разработе план за првите дејствја и со добра интендантска служба — складови со храна и други намирници, тајни фурни, леарници за патрони, но без ниедна бомба и без ниедна манлихера Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. . Била организирана и санитетска служба со еден вид на болница во Чемерскиот дол, над селото Брждани, а како доктор фигурирал Хр. Ангелов. Реонски началници биле: Христо Узунов, Антон Кецкаров, Наум Анастасов, Александар Чакаров и Наум Златарев.
На 20 јули биле исечени сите телеграфски линии меѓу Охрид и Битола, Кичево, Дебар, Елбасан и Корча. Многу од мостовите на патиштата од Охрид кон овие градови биле разрушени. Голем дел од стражарските кули биле опожарени, беговите, кехаите и други турски официјални лица биле убиени . Според планот за дејствувањето вооружените сили од Дримкола требало своето делување да го ограничат, да го минат Дрим и заедно со селските чети од Малесијата да се префрлат во Горна Дебрца во тамошните пунктови. Но акцијата се разврзала спротивно од планот.
Малесискиот војвода Тасе Христов намерил да го плени стадото на еден Арнаутин чие бачило се наоѓало во селото Локово. Меѓутоа овчарите биле вооружени и ги разбиле. Потоа пристигнал башибозук и аскер, по што дошло до судир со четите во селата Лаково и Селце. Другите селски чети го нападнале гарнизонот во Вевчани но биле пресретнати од силен оган и се повлекле. Потоа дошло до судири кој траеле до вечерта на 23 јули. На 24 јули сите дримколски и малесиски чети се собрале кај Караорман во Горна Дебрца. Таму се собрале голем број на бегалци на грбот на револуционерното раководство. Четите повторно се упатиле кон Дрим, но веќе сите села биле опустошени.
Во Горна Дебрца слатинската чета, водена од свештеникот Георги, ја нападнала стражарската кулата во Сошани, а оздоленската чета — кулата в Оздолени. Началниците Кецкаров и Цветинов со четата од с. Брждани го нападнале аскерот во кулата при селото Старо Велмеј, кулата била опколена но следниот ден се обиделе да се повлечат но паднале во заседа на велмејската и бржданската чета, при што загинале 10 Турци . Во Долна Дебрца куратишката чета го нападнала собирачот на данок во Куратица, биле убиени 15 души.
Најмногу сили биле ангажирани за двете најважни акциии. Против гарнизоните во нахискиот центар Издеглавје и на Сирулскиот рид. По Смилевскиот конгрес Османлиите ги поставиле гарнизоните затоа што тие имале стратегиско значење и од нив можеле да се следаат Дебрца и Ортакол. мини|десно|250п|Револуционерното знаме извезено во Стругамини|лево|150п|Смиле Војданов Со нападот на Издеглавје раководел реонскиот војвода на Горна Дебрца Смиле Војданов. Вечерта на 20 јули (стар календар), четите од селата Сливово, Слатина, Оздолнени, Мраморец и други, се концентрирале кај месноста Гојдороец, а четите од Лактиње и Годивје во месноста Васкорчиште, вкупно 250 востаници .
Нападите започнале утрото на 21 јули но аскерот од 100 души се утврдил во една непристапна кула, борбата траела два дена. Неколку војници успеале да го пробијат востаничкиот кордон и да отидат за помош во рабојничкото село Песочани. По неколку часа башибузлукот од тоа село ги нападнал востанците. Следниот ден едена дружина од редовната турска војска од заднина го нападнала одредот на војводата Смиле Војданов, востаниците морале да се повлечаат без да дадат жртви.
Нападот на Сирулскиот рид бил раководен од реонскиот началник Христо Узунов и Дејан Димитров со околу 150 души. Грмежите од Брждани и Старо Велмеј го предупредиле гранизонот од околу 200 души и тој се утврдил. Турците започнале да стрелаат врз востаниците, а ним им стигнала помош од Копарница кој го загрозувале тилот на Дејан Димитров кој командувал со својата реонска чета и со четите од Лешани и Злести. Очекуваните востанучки чети од Куратица, Вапила и другите села не пристигнале. Гарнизонот бил на пат да капитулира но од градот пристигнал аскер. Турскиот аскер веднаш го подпалил Сирула и отворил оган на самите селани. Затоа војводата Деан отстапил, а како потреба се наматенала заштитата на населението и тоа било префрлено на Куратишката планина. Востаниците на Рида имале еден загинаат и петмина ранети.