1600 Со повелба на кралицата Елизабета I е основана Источноиндиската компанија, со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење. 1774 Првиот континентален конгрес се собира во Филаделфија, Пенсилванија. 1800 Малта е освоена од Велика Британија. 1914 Прва светска војна: Почнува Првата битка на Марна. Североисточно од Париз, Французите напаѓаат и поразуваат германски сили кои напредуваат кон главниот град. 1939 Втора светска војна: САД прогласува неутралност во војната. 1948 Роберт Шуман станува премиер на Франција. 1977 Сондата „Војаџер 1“ лансирана по мало задоцнување. На сондата е испратена златна плоча со снимки и симболи со кои им се претставува Земјата на потенцијалните вонземски цивилизации кои би наишле на неа. 1992 Бранко Црвенковски стана втор премиер на Република Македонија, на возраст од 29 години. 2011 Пуштена втората верзија на Енциклопедијата на живиот свет.
5 септември