„Вратете се Македонци“ — македонска народна песна. Песната е посветена на македонските печалбари кои во песната, Македонија ги бара да се вратат дома. Песната има печалбарски карактер.

Текст -Заминавте Македонци, в' друга земја, непозната, да работите.

Ах, вратете се Македонци, за вас плаче родна мајка Македонија, ај, вратете се Македонци, жално плаче родна мајка Македонија.

Си оставивте мајки и сестри, камен на срце да носат, многу години.

Ах, вратете се Македонци, за вас плаче родна мајка Македонија, ај, вратете се Македонци, жално плаче родна мајка Македонија.

Бог да молевте, солзи роневте, гласој наши преку море не слушнавте.

Ах, вратете се Македонци, за вас плаче родна мајка Македонија, ај, вратете се Македонци, жално плаче родна мајка Македонија.

Надворешни врски Вратете се Македонци (текст и музика) на pesna.org преку web.archive.org

Категорија:Македонски народни песни Категорија:Македонски печалбарски песни