Tenthredo frauenfeldii е палеарктички вид растителна оса.
Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е Средна и Југоисточна Европа, Турција и Иран. Во Македонија се среќава во Маврово.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 186
Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 8-11 милиметри. Главата им е црна, основата на мандибулите жолти. Градите се црни, тегулите црни, крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата кафеави. Нозете се жолти, абдоменот црн.
Ларвите не се доволно проучени.
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија