Баџ ― баждарина; пазарна такса, наплатувана за купопродажба на стоки донесени на градските пазари.

Се земала на градските порти, при влезот или излезот на стоката, но и самиот пазар. Таксата се наплатувала од: кола, товар (коњски или магарешки), вреќа, мешина, бисаги, сноп, кош, аршин (за платно) или број (за добиток, скапоцено крзно, роб) итн. На пазарот, таксата се земала и од продавачот или само од првиот, а изнесувала 2,5% од вредноста на стоката.

Наводи