Јоханес Стабиј (Јохан Стаб) (1450–1522) - австриски картограф од Виена, кој околу 1500 година ја развил проекциската карта во облик на срце, подоцна развиена од Јоханес Вернер. Се нарекува „Вернерова проекција на карта“, но исто така и Стабијово-вернерова проекција или Стабово-вернерова проекција.
По нејзиното воведување од страна на Вернер во својата книга од 1514 година, „Nova translatio primi libri geographiaae C. Ptolemaei“, „Вернеровата проекција“ најчесто се користела за светски карти и некои континентални карти низ XVI век и во 17 век. Била користена од Меркатор, Оронс Фине и Ортелиј кон крајот на 16 век за карти на Азија и Африка. До 18 век, таа била заменета со „Боновата проекција“ за континенталните карти. „Вернеровата проекција“ денес единствено се користи за наставни цели и како новост.
Во 1512 година, Стабиј објавил дело наречено „Horoscopion“. Тој, исто така, смислил бирач за картички.
Стабиј бил член на круг на хуманисти со седиште во Виена. Во овој круг биле вклучени научниците Георг Танштетер, Стибориј, Томас Реш, Стефан Росин, Јоханес Куспинијан и реформаторот Јоаким Вадијан. Овие хуманисти биле поврзани со дворот на Максимилијан I, Светиот римски цар.
Наводи
Надворешни врски
Cordiform Map Projection Regiomontanus and Capuchin Sundial
Категорија:Починати во 1522 година Категорија:Родени во 1450 година Категорија:Австриски научници