Прва фудбалска лига на Чешка (или 1. лига) позната уште како Фортуна лига поради спонзорски причини, е најсилната фудбалска лига во Чешка. Како највисоко ниво на чешкиот фудбалски лигашки систем, во неа се натпреваруваат 18 клубови кои играат помеѓу себе по двапати, а по крајот од секоја сезона има корелација со Втората лига на Чешка преку системот на промоција и испаѓање.
Лигата е основана во 1993 година, по распаѓањето на Чехословачка. Од основањето па сè до сега, 35 екипи играле во Првата лига на Чешка. Најуспешен клуб е Спарта Прага со 12 титули, а актуелен шампион е екипата на Славија Прага, која го освои изданието во сезоната 2019-2020.
Клубови во сезоната 2020-2021
Шампиони Од никнувањето на чешкото првенство до денес, забележлива е доминација на прашките екипи: Спарта Прага ја има освоено титулата 12 пати, а Славија Прага 6 пати. Останатите екипи кои не се од главниот град а ја освоиле шампионската титула барем еднаш досега се: Викторија Плзењ со 5 титули, Слован Либерец со 3 титули и Баник Острава со една.
1993-1994: (1) 1994-1995: (2) 1995-1996: (1) 1996-1997: (3) 1997-1998: (4) 1998-1999: (5) 1999-2000: (6) 2000-2001: (7) 2001-2002: (1) 2002-2003: (8) 2003-2004: (1) 2004-2005: (9) 2005-2006: (2) 2006-2007: (10) 2007-2008: (2)
2008-2009: (3) 2009-2010: (11) 2010-2011: (1) 2011-2012: (3) 2012-2013: (2) 2013-2014: (12) 2014-2015: (3) 2015-2016: (4) 2016-2017: (4) 2017-2018: (5) 2018-2019: (5) 2019-2020: (6)
Титули по клубови ЕкипаТитули Сезони121993-1994, 1994-1995, 1996-1997, 1997-1998, 1998-1999, 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003, 2004-2005, 2006-2007, 2009-2010, 2013-201461995-1996, 2007-2008, 2008-2009, 2016-2017, 2018-2019, 2019-202052010-2011, 2012-2013, 2014-2015, 2015-2016, 2017-201832001-2002, 2005-2006, 2011-201212003-2004
Надворешни врски Матична страна Official website of Czech football
Чешка Категорија:Фудбалот во Чешка