мини|десно|250п|Карта на Коринтскиот Провлак Коринтски Провлак или Коринтски Теснец () — тесен копнен мост кој го поврзува полуостровот Пелопонез со остатокот од континентална Грција, сместен близу градот Коринт, по кој е наречен.
На запад од провлакот е Коринтскиот Залив, а на исток е Саронскиот. Од 1893 г. напречно на провлакот е ископан Коринтскиот Канал во должина од 6,3 км и со тоа Пелопонез станал остров. Денес преку каналот има два патни, два железнички и два потопни моста, поврзувајќи го Пелопонез со остатокот од земјата. На западниот крај на каналот има и воен мост за итни намени.
Провлакот уште во антиката била позната како место кое го одвојува Пелопонез од главнината на Грција. Во I век географот СтрабонСтрабон, Географија. 9.1.6 . напишал дека крај Коринскиот Провлак имало стела со два натписа. Натписот кој гледал кон исток гласел „Овде не е Пелопонез, туку Јонија“ (), а оној кон запад велел „Овде е Пелопонез, а не Јонија“ (); Плутарх му ја припишува стелата на јунакот Тезеј, кој наводно ја подигнал одејќи накај Атина.Плутарх, Напоредни животописи
Историја на каналот
Идјата за скратување на патот за да се избегне пловидба околу целиот Пелопонез е многу стара. Прв кој направил обид да ископа канал бил тиранинот Периандар во VII век п.н.е. Потфатот бил напуштен поради технички проблеми, и наместо тоа изградил посебен коловоз од камени блокови наречен Диолк, по кој пловилата се превзувале со влеча. Остатоците од овој пат денес се видливи до каналот. Кога Римјаните завладеале со Грција пробани се низа решенија. Јулиј Цезар ја увидел предноста на ваквата кретенка за неговата новоизградена коринтска колонија. За време на царот Тибериј, инженеријата се обидела да пробие канал, но немале доволно способна опрема. Наместо тоа направиле пат, на кој пловилата ги тркалале по долги трупци и истиот бил во употреба сè до 32 г. Во 67 г. гркољубивиот римски цар Нерон наредил да се ископа канал со лопати користејќи го трудот на 6.000 робови. Историчарот Флавиј Јосиф вели дека овие робови биле еврејски пирати заробени од Веспазијан за време на Еврејските војни.Флавиј Јосиф, Еврејската војна, Кн. 3, Гл. 10, Ст. 10 Според Плиниј Постариот, робовите успеале да ископаат четири стадиони (околу 0,8 км)Плиниј Постариот, Природознание, 4.5 но истиот бил прекинат со смртта Нерон, бидејќи неговиот наследник Галба одлучил дека зафатот е прескап.
Во новиот век, првиот сериозен предлог за каналот е поднесен во 1830 г. набргу по осамостојувањето на Грција од Османлиите. Изградбата почнала многу подоцна, и каналот бил завршен во 1893 г. по единаесет години работа.
Ѕид Хексамилион Ѕидот Хексамилион бил римски одбранбен ѕид преку Коринтскиот Провлак кој служел за одбрана на единствениот копнен влез во Пелопонез.
Наводи
Надворешни врски
Коринтски Провлак — Енциклопедија Британика
Категорија:Провлаци Категорија:Географија на Грција Категорија:Коринтија Категорија:Пелопонез (област)