„Една крвна освета“ — (француски: Une vendetta) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 14 октомври 1883 година. десно|мини| Ги де Мопасан Содржина Во малото крајбрежно место Бонифачи на Корзика, Никола Риволати подмолно го убива младиот Антоан Северини, а потоа бега на соседниот остров Сардинија. Уште додека го оплакува мртвиот син, мајка му на Антоан веќе почнува да прави планови како да му се освети на убиецот. Еден ден, таа добива идеја и почнува да ја дресира кучката како да напаѓа луѓе. Кога завршува со дресурата, таа се облекува во машка облека, оди на Сардинија и ја пушта кучката која му го прегризува вратот на Никола. По извршената освета, мајката се враќа дома.„Једна крвна освета“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 291-297.
Наводи
Категорија:Раскази на Ги де Мопасан