Ѓорѓи Захариев Костовски (роден во 1919 година во , Егејскиот дел на Македонија ― мај 1944 година во Кратово) ― македонски партизан и учесник во НОВ.
Биографија По завршувањето на основното училиште, тој изучил занает. Се доселил во Скопје и работел како занаетчија. Како напреден работник се вклучил во Народноослободителната борба. Учествувал во разни акции против бугарскиот фашистички окупатор. Дејствувал меѓу работниците за придобивање на нови приврзаници на движењето. Учествувал во собирањето на народна помош.
Во март 1944 година стапил во НОВ и ПОЈ. И се приклучил на 3 македонска ударна бригада. Учествувал во големата победа на Бригадата извојувана над четниците на Дража Михајловиќ кај Селце. Потем во многубројните битки против бугарските окупаторски сили. Во една од многуте борби на Бригадата во мајската офанзива, при заземањето на Кратово, Ѓорѓи храбро загинал.
Наводи
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Луѓе од Солун Категорија:Родени во 1919 година Категорија:Починати во 1944 година