Млади и неуморни (англиски: The Young and the Restless) е популарна американска телевизиска сапуница, која се емитува секој работен ден на телевизијата CBS, од 26 март 1973. Создадена е од Вилијам Бел и Ли Филип Бел, кои ја сместија драмата во серијата во измислениот град Џеноа Сити, Висконсин.

На почетокот, серијата се фокусираше на семејните и професионалните животи на две семејства во Џеноа Сити, богатите Брукс и сиромашните Фостерс. По многубројни промени на глумците во раните 1980-ти, главна тема на серијата станаа семејствата Абот и Њуман, нивните две поединечни компании и соперништвото меѓу нив. Меѓутоа, една главна приказна владее во серијата уште од скоро самиот почеток, а тоа е соперништвото помеѓу Џил Фостер Абот и Кетрин Кенселор.

На почетокот, Млади и неуморни беше емитувана во полчасовни епизоди, пет пати неделно. Од 1 февруари 1980, се емитуваат едночасовни епизоди. Млади и неуморни е најгледаната дневна драма на американска телевизија. Во 2006, екипата што ја снима серијата ги прослави нејзините 900 недели (18 години) по ред на врвот на гледаноста на дневните серии и програми.

Млади и неуморни има освоено седум Дневни Еми Награди за најдобра драмска серија. Само Главна болница има освоено повеќе (девет).

Во 2001, Млади и неуморни почна да се снима и симултано емитува во висока дефиниција (HDTV), и со тоа стана првата сапуница што го направила овој чекор.

Пред неколку години, Сител телевизија прикажа две сезони, вкупно 280 епизоди од оваа сапуница. Прикажаните епизоди беа од 25 мај 1998 - 1999.

Сегашни глумци Глумец Улога Статус Питер Бергман Џек Абот 1989- (#2) Мелоди Томас Скот Ники Њуман 1979- (#2) Ерик Брејден Виктор Њуман 1980- Мишел Стафорд Филис Самерс Њуман 1994-1997, 2000- (#1) Шерон Кејс Шерон Абот 1995-2003, 2003- (се појавува 1994-1995) Џошуа Мороу Николас Њуман 1994- Џудит Чепмен Глорија Бардвел 2005- (#2) Џини Купер Кетрин Кенселор 1973- Даг Дејвидсон Пол Вилијамс 1978- Дон Дајмонт Бред Карлтон 1985-1996, 1998- Брајтон Дивон Хемилтон 2004- Едријен Франц Емброжа Мур Ешби 2006- Даниел Гудард Кејн Ешби 2007- Мајкл Грациадеи Даниел Ромалоти 2004- Амелија Хајнл Викторија Њуман 2005- (#3) Винсент Иризари Дејвид Чоу 2007- Кристел Калил Лили Винтерс Ромалоти 2002-2005, 2006- (#1) Кристијан ЛеБланк Мајкл Болдвин 1991-1993, 1997- Кејт Линдер Естер Валентин 1985- Тед Лакинбил ЏејТи Хелстром 2001- (се појавува 1999-2001) Емили О Брајен Џена Хокс 2006-2007, 2007- Ниа Пиплес Карен Тејлор 2007- Ајал Родел Адријан Корбел 2006- Грег Рикарт Кевин Фишер 2003- Деана Русо Логан Армстронг 2007 Веил Блум Хедер Стивенс 2007- Ерик Стајнберг Џи Мин Ким 2006- Кристоф Сент Џон Нил Винтерс 1991- Џес Волтон Џил Фостер Абот 1987- (#4)

Насловна мелодија “Nadia’s theme” е музичката тема на Млади и неуморни од самиот почеток на серијата во 1973. Мелодијата била оригинално наречена “Cotton’s Dream” и напишана од Бери Де Ворзон и Пери Боткин Јр. за филмот Благословете ги ѕверовите и децата. Подоцна, мелодијата била прекрстена во “Nadia’s theme” по настапот на романската гиманстичарка Надиа Команечи на Летните олимписки игри во 1976 и прикажувањето на овој настап на ABC со музиката од популарната сапуница.

Гледаност На самиот почеток во 70-тите, серијата беше на дното на гледаноста, како и сите серии при дебутот. Веќе по една-две сезони, гледаноста порасна, а во 1988-1989, се искачи на врвот и досега ни една сапуница ја нема симнато.

Историја на дневната гледаност: Најгледана недела (Ноември 16-20 1981) Сапуница Домаќинства (Термин) Телевизија ГледачиГлавна болница 16.0 (3-4pm) ABC 30 милиониСите мои деца 10.2 (1-2pm) ABC 14 милиони Еден живот за живеење 10.2 (2-3pm) ABC 13.9 милиониВодечко светло 7.9 (3-4pm) CBS 8.3 милиониМлади и неуморни 7.3 (12:30-1:30pm) CBS 8 милиони

1995 гледаност Сапуница Милиони гледачиМлади и неуморни 4.155Сите мои деца 3.891Главна болница 3.343Смели и убави 3.247Еден живот за живеење 3.152

Надворешни врски Официјална страна CBS Daytime: Y&R "Млади и неуморни" на Yahoo! TV

Категорија:Телевизиски серии со почеток во 1973 година