thumb|right|250px|Продавницата на Хенри Пул на Севил Роу, Лондон Хенри Пул & Др (англ. Henry Poole & Co) е кројач по мерка за мажи на улица Севил Роу бр. 15 во Лондон. Познати се како 'Основачите на Севил Роу' како и изумителите на смокингот. Фирмата е во семејна сопственост од нејзиното основање во 1806. Најпрвин биле сместени во Бранзвик Сквер и специјалност им била воено кројаштво, во кое посебно се истакнале за времето на Битката кај Ватерло. во 1846 се преселиле во Севил Роу по смртта на основачот Џејмс Пул.
Хенри Пул управувал со фирмата до неговата смрт во 1876, и бил наследен од неговиот братучед Семјуел Кандли, кого го наследиле неколку генерации до денешните сопственици Енгус Кандли and и син му Сајмон. Во текот на изминатите два века овие кројачи уживале огромен успех и проживеале низ тешки маки, преживувајќи до ден денес за да ја симболираат изврсноста на кројаштвото по мера. Фирмата сѐ уште држи огромен број на Кралски Повластици и го опслужува службата на Лордот-коморник со дворски костуми. Одделот за ливерии дури направил и униформи за 200 годишнината од Битката кај Трафалгар. Фирмата е и изумител на смокингот (tuxedo)
Фирмата врши редовни посети на континентална Европа, САД и други места, во чии рамки спаѓаат и продавниците на Хенри Пул во Јапонија и Кина. Во 2006 фирмата ја прославила својата двестегодишнина со обновување на просториите, а во 2007 решено е повторно да се нуди штофот прославен од страна на Винстон Черчил, кој го порачал својот прв костум од кај нив пред 100 години.
Смокинг Во 1860 направиле кратко вечерно или пушачко палто за Принцот од Велс, кое тој го носел на неформални вечери во Сендригем. во 1886, извесен Г-дин Џејмс Потер од Таксидо Парк, Њујорк го посетил Лондон, па потоа бил поканет од Принцот од Велс да проведе викенд во Сендригем. Таму разбрал дека и тој може да добие такво палто ако отиде кај кројачите на прицот, Хенри Пул & Д-р
Кога се вратил во Њујорк, Потер гордо го носел своето палто во Клубот Таксидо Парк, па така другите членови почнале да нарачуваат такви за себе до таа мера што пва палто станало неформална клупска униформа за „машки“ вечери. Како резултат на ова, палтото во Америка почнало да се нарекува Таксидо или само Такс.
Кралски Повалстици
НЦВ Царот Наполеон III 1858 НКВ Принцот од Велс 1863 НКВ Војводата од Единбург 1868 НКВ Принцот-престолонаследник на Прусија 1868 НВ Кралицата Викторија 1869 НВ Кралот на Белгијците 1869 НКВ Принциот-престолонаследник на Данска 1869 НКВ Принцот од Тек 1870 НКВ Принц Кристијан од Шлезвиг-Холсштајн 1870 Хедивот на Египет 1870 НКВ Принц Оскар оид Шведска и Норвешка 1871 НВ Кралот Амадео I на Шпанија 1871 НКВ Принцот Луј од Хесен 1871 НКВ Принцот-престолонаследник на Русија 1874 НЦВ Царот Педро II на Бразил 1874 НЦВ Царот Александар II на Русија 1875 НВ Кралот на Хелените 1877 НКВ Принцот-престолонаследник на Австрија 1878 НВ Кралот Умберто I на Италија 1879 НЦВ Кајзерот Вилхелм I на Германија
НЦВ Царот Александар III на Русија 1881 НМ Војводата од Џенова 1891 НМ Фридрих, Великиот војвода од Баден 1891 НМ Војводата од Аоста 1892 НКВ Прицот Емануел од Савоја 1892 НЦВ Шахот на Персија НВ Кралот на Данска 1893 НВ Кралот Едвард VII 1902 НКВ Принцот Албрехт од Прусија 1903 НВ Махараџата Гаеквар од Барода 1905 НЦВ Шахот на Персија 1906 Хедивот на Египет 1910 НВ Кралицата Александра 1911 НКВ Принцот од Велс 1922 Царското семејство на Јапонија 1923 НВ Кралот Џорџ V 1928 НВ Кралот на Бугарите 1936 НВ Кралот Џорџ VI 1940 НЦВ Царот Халие Селасие 1959 НВ Кралицата Елизабета II 1976
Надворешни врски Мрежно место на фирмата Историјат на фирмата
Категорија:Продавници во Лондон Категорија:Продавници за облека Категорија:Модни куќи