Зборско или Сборско (, Певкото; до 1926 г. Σμπόρτσκο, СборцкоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σμπόρτσκο -- Πευκωτό) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Престанало да постои во 1947 г. и неговото население, кое е чисто македонско, денес живее на друго место близу Северјани, но ги користи имотите во него.

Географија Селото е сместено во северниот во подножјето на планината Пиново, која е дел од Кожуф. Лежи 5 км северно од С’ботско.

Историја Во Отоманското Царство Во османлиските дефтери на христијанското население од Воденскиот вилает за 1619-20 г. селото е заведено како Исборине со 45 даночни домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 270.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Зборско (Sborsko) било село во Воденската Каза со 212 куќи и вкупно 1.346 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.

Во 1893 г. во Зборско проработела бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Зборско живееле 880 Македонци христијани.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Зборско (Sborsko) имало 1.200 Македонци под Бугарската егзархија и работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191. Според срспкиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 260 македонски куќи.

Потпаѓање под Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1.102 жители. Во текот на Првата светска војна селото било на фронтовата линија и затоа е иселено од бугарските воени власти. Голем дел од жителите биле сместени во Тиквешијата, а помал дел во Бугарија. По војната во Зборско се вратиле само мал број жители, кои го обновиле. На пописот од 1920 г. селото имало само 172 жители. Во 1924 г. во Бугарија заминале уште 22 лица. Во 1928 г. Зборско имало 189 жители кои во 1940 г. се зголемиле на 292.

Во НОБ и Граѓанската војна За време на Втората светска војна ова село станало база на грчката полиција. Во текот на војната германските единци го запалиле и го срамниле со земја. На 2 август 1944 г. во месноста Влашки Колиби во близина на селото е основана 5. македонска ударна бригада, а на 22 август биле основани и и 7. и 10. македонска ударна бригада.

За време на Граѓанската војна, зимата 1947 г. грчките власти присилно го иселиле населението на Зборско во селата Северјани и Невор. По војната жителите не се вратиле, туку државата им изградила сопствено маало крај патот од Северјани за Зборско. Во 1951 г. старата населба во планината е заведена како напуштена, а во 1961 г. новоизградената населба близу Северјани е попишана со 198 лица. Бројот на нејзините жители постоепено почнал да се накачува, за во 1991 г. да достигне 268 жители. Во понатамошните пописи населбата не се брои како одделна, а изворното село е отпишано. Сепак, познато е дека населението и понатаму ги користи своите имоти во старото село.

Поврзано Меглен

Население

Стопанство Иако е преселено на друго место, населението го користи имотот во своето село за сточарство, но и за земјоделство.

Личности Родени во Зборско Митре Шпинтов — револуционер, гевгелиски војвода на ВМРОНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 193. Стојан Црвенаков — револуционер, деец на ВМРО, починал пред 1918 г.Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 98.

Починати во Зборско Лука Иванов (1867 – 1906) — револуционер, војвода на ВМРО Кара Ташо (? – 1906) — револуционер Тодор Тетовчето (? – 1901) — револуционер од ВМРО, четник на Михаил ПопетоНиколов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 64, 96

Иселеништво Голем број од населението на ова село се има иселено во Тиквешијата. Иселеници има на следните места во Тиквешијата. Праведник (Митревци), Кошани (Рочковци и Димовци), Бунарче (Прдиновци, Биџовци, Гоцомановци, Грижовци, Џамбазовци и Думовци-Терзијовци), Радња (Ристовци, Ѓошевци и Мурџевци), Вешје (Ристовци и Голчевци), Долна Бошава (Данчевци, Димковци, Афковци, Ичковци, Танчевци, Бешировци и Аџијовци), Клисура (Доровци), Дрен (Чакревци), Копришница (Мурџевци), Дабниште (Миндевци), Гарниково (Ристовци, Петковци и Атанасовци), Бојанчиште (Кајчевци, Џамбазовци, Чипковци, Гицаловци, Шикуревци, Кабрановци, Палиќовци, Чакревци-Дарамановци, Чоклевци, Гоџомановци, Ѓоргевци, Димковци, Рашевци, Лапчевци, Ѓуновци, Афковци, Самарџијовци и Рускуфци), Брушани (Поп-Андоновци и Кречовци), Страгово ( Ташковци, Топлевци, Ѓауровци, Јанковци и Ачковци), Чемерско (Чакревци, Попадичини и Костевски) и во Горна Бошава (Деловци).

Наводи

Категорија:Историски села во Меглен