Наоеро (порано позната како Науру), официјално Република Наоеро, е островска држава во Микронезија, во Јужниот Тихи Океан. Наоеро е најмалата островска држава во светот, најмалата независна членка на Комонвелтот, најмалата независна република и единствената република без официјален главен град.

Историја

left|130px|thumb|наурски војник од 1880-те. thumb|left|150px|Воздушен напад над Наоеро за време на војната. thumb|left|150px|Карта на германските напади. Наоеро за првпат бил населен од микронезиско и полинезиско население пред 3.000 години. На островот традиционално имале 12 клана или племиња кои се претставени со ѕвездата со 12 крака на знамето. Наурците своето потекло го сметаат според женската страна во семејството, односно по мајка или баба.

Британскиот капетан Џон Фирн, ловец на китови, бил првиот Европеец кој стапнал на копното на Науру во 1798. Од тогаш месното население имало контакт со странците кои пак подоцна се населувале на островот. Островјаните тргувале со храна.

Колонијален период

Островот бил анектиран од Германија во 1888 и бил дел од Германскиот протекторат Маршалски Острови, и Науру го нарекле Навадо или Онаверо. Со доаѓањето на Германците се вовел и кралот на Науру и почнале да се пробиваат мисионерските христијански движења. Германците владееле со Науру скоро три декади.

Фосфатот бил за првпат откриен во 1900 од страна на Алберт Елис. Тихоокеанската фосфатна компанија управувала со фосфатот и во 1907 година за првпат почнал извозот на минералот. По Првата светска војна војната, во 1923 година Друштвото на нациите го дала Науру на управување на Австралија, додека Обединетото Кралство управувало со фосфатот на островот.

Втора светска војна Јапонските сили го окупирале островот на 26 август 1942. Јапонците депортирале околу 1.200 Наурци да работат на островите Чук, каде 463 луѓе умреле. Островот бил ослободен на 13 септември 1945 година кога австралиските трупи се приближиле кон островот и ги опколиле јапонските трупи, при што следело предавање на јапонските војници. Островот повторно се вратил под австралиска контрола.

Независност

Науру стекнал самоуправа во јануари 1966, а во 1968 година целосно станал независен од колонизаторските сили. Локалните британски власти кои управувале со фосфатот биле приморани да ја отстапат контролата на локалните власти и така е основана Корпорацијата за фосфат на Науру. Трговијата со фосфат му овозможило на Науру да биде една од најбогатите држави во Тихиот Океан. Подоцна залихите на фосфат се намалувале, а со тоа и стандардот на живеење кој резултирал со граѓански протести во Науру.

Географија и клима

thumb|140px|left|Карта на изворот Мока. thumb|160px|right|Сателитска снимка на Наоеро.

Наоеро е мал, округ остров во Тихиот Океан, 42 километри јужно од Екваторот. Островот е опколен од корален гребен, што придонесува да има мала плима. Поради присутноста на коралниот гребен не може да се направи големо трговско пристаниште, но има 16 други помали пристаништа.

Плодна земја на островот е јужниот дел на Наоеро каде има кокосови палми. Околу лагуната Буада се одгледуваат банани, ананас, зеленчук како и домати. Населението на Наоеро е сконцентрирано околу брегот и околу лагуната.

Наоеро беше еден од трите фосфатни острови во Тихиот Океан, другите два се Банаба во Кирибати и Макатеа во Француска Полинезија, но денес скоро и да нема од минералот на Наоеро.

На Наоеро има ограничени извори на свежа вода за пиење. Климата во Наоеро е топла. Помеѓу ноември и февруари земјата е под влијание на монсуни. Просечната температура на Наоеро е помеѓу 26 и 35 °C преку ден и 25 и 28 °C преку ноќ.

Политички систем

thumb|160px|right|Парламентот на Наоеро.

Наоеро е република со парламентарен систем. Претседателот е шеф на државата и воедно претседател на владата. Парламент од 18 членови се избира секои три години. Парламентот избира претседател, кој пак ги одбира членовите на кабинетот. Наоеро нема формална поделба на политички партии, кандидатите се најчесто независни. 15 од вкупно 18 членови во парламентот се независни, но како и да е има мали политички партии како на пример Демократска партија на Наоеро, Наоеро прво и Централна партија на Наоеро.

Административна поделба

thumb|right|300px|Карта на Наоеро

Наоеро е поделен на 14 административни области кои се групирани во осум изборни единици. Областите во Наоеро се:

Аиво Анабар Анетан Анибер Баити Бое Буада Денигомоду Ева Ијув Мененг Нибок Уабое Јарен

Стопанство thumb|right|150px|Фосфатни депозити на Наоеро.

Економијата на Наоеро скоро целосно зависи од фосфатните резерви. Покрај ова има уште неколку помали ресурси, но главно сите останати неопходни суровини се извезуваат. Владата на Наоеро од приходите на фосфатот зачувува во резерва за кога веќе потполно ќе нема минерал на островот, луѓето да можат да се служат со парите заштедени од минатото.

Во Наоеро нема даноци. Невработеноста е 90%, а владата ги вработува сите останати што работат. Администрацијата има силна подржка за реформи за да се изнајдат алтернативи за производство. Туризмот не е главна гранка во Наоеро зошто не е развиен.

Население, јазик и религија

thumb|right|150px|Област во Нибок.

Островот има население од 9.265 жители, од кои 96% зборуваат наурски јазик. Претходно, населението било поголемо, но во 2006 околу 1.500 луѓе се отселиле.

Службен јазик во Наоеро е наурскиот. Англискиот е широко застапен како јазик на упарвата и трговијата.

Етничкиот состав на Наоеро е: 58% се Наурци, 26% останати тихоокеански етнички групи, 8% Кинези и 8% Европејци. Сите Европејци се Британци. Најголема религија е христијанството.

Осврнувајќи се на медицинските проблеми на Наоеро, Наурците се најдебели луѓе во светот. Исто така населението има проблеми и со дијабетес.

Култура

Предците на Наурците верувале во женски дух наречен Еијебонг, и во земски дух и во остров наречен Буитани. Дев од оригиналните дванаесет племиња на Наоеро исчезнале. На 26 октомври, Наоеро го слави денот кога се обединила нацијата после Втората светска војна. Културата е мешана со локални и странски елементи.

Наводи

Надворешни врски

Влада Влада на Наоеро Шеф на државата и кабинетот Наоеро во ООН Општо

Наоеро на UCB

Патување Discover Nauru, официјален туристички портал Our Airline, авио-компанија на Наоеро Распоред на летови Друго High resolution aerial views of Наоеро на Google Maps Six Fivers Информации за Наоеро на globalEDGE CenPac Радио програма "This American Life" за Наоеро

Поврзано Окрузи во Наоеро Изборни единици на Наоеро Јарен Наурски јазик Океанија

* Категорија:Држави во Океанија Категорија:Поранешни колонии на Германија Категорија:Островски земји Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година Категорија:Членки на Комонвелтот