Катарина Тајкон-Лангхамер (шведски: Katarina Taikon-Langhammer, 29 јули 1932 – 30 декември 1995) била шведска писателска, глумица и активистка од ромско потекло. Таа била сестра на Роза Тајкон.
Животопис За време на детството на Тајкон, Ромите сè уште живееле во логори во Шведска и морале често да се селат, што им го отежнувало на децата да добијат какво било училишно образование. Тајкон не научила да чита и пишува сè додека не била тинејџерка.
Таикон го посветила својот живот на подобрување на условите за Ромите во Шведска и низ целиот свет. Преку нејзината неуморна работа, дебатирање, пишување и разговор со шведските власти, на Ромките им било дадено истото право на домување и образование како и сите други Швеѓани. Во 1953 година завршила забраната за доселувањето на Ромите од 1914 година. Ова довело до тоа другите Роми да побараат засолниште во Шведска, а населението, на почетокот помалку од илјада луѓе, се зголемило.
Тајкон се обидувала да ги убеди шведските власти дека овие луѓе се всушност политички бегалци, бидејќи биле угнетувани во нивните земји. После плодните напори да и помогне на група од 47 француски Роми да добијат азил во Шведска, таа одлучила да ја смени својата стратегија. Единствениот начин да се стави крај на предрасудите кон нејзиниот народ е да им се обрати на младите, сфатила таа, па започнала да ја пишува својата популарна серија детски книги за сопственото детство.
Катарина Тајкон починала од оштетување на мозокот откако паднала во кома. Таа била именувана како „Шведскиот Мартин Лутер Кинг“.Taikon, документарец од 2015 година од Гелерт Тамас и Ловен Мохтади.
Филмографија 2015 - Taikon 1956 - Sceningång 1953 - Åsa-Nisse på semester 1953 - Marianne 1951 - Tull-Bom 1950 - Motorkavaljerer 1949 - Singoalla 1948 - Uppbrott
Наводи
Надворешни врски
Сестрите Тајкон на Чешкото ромско радио Роса Тајкон за Ромоте и нејзината сестра Познато Роми
Категорија:Шведски писатели Категорија:Роми Категорија:Родени во 1932 година Категорија:Починати во 1995 година Категорија:Луѓе од Еребру