Бајрам Баја Саитовиќ-Лукин () (, - , ) – ромски поет, преведувач, активист и советник за ромски прашања во Канцеларијата за човечки и малцински права во Владата на Србија.

Животопис Баја Саитовиќ-Лукин е роден во 1954 година во Прокупље, каде завршил основно и техничко училиште. Филозофски факултет завршил во Скопје и магистрирал социологија.

Работел како професор по филозофија и етика во средното училиште во Прокупље и бил директор на претшколската установа Невен.

Бил и советник за ромски прашања во Канцеларијата за човечки и малцински права во Владата на Србија. Починал во 64-тата година.

Книжевно-научна работа Бил соработник во Топлички новини. Објавил неколку трудови за културниот идентитет на Ромите. Соработувал во истражувањето и пишувањето на книгата Култни места и културата на смртта меѓу Ромите. Во 2014 година го објавил трудот Културниот идентитет на Ромите во Топличката Област и, Религијата и верските обичаи на Ромите во 2016 година.

На ромски ја превел Мачките перат веш: бајки на Ромите од југоисточна Србија, и книгата за деца Учениче прваче – Angluno sikavno.

Неговата поезија е застапен во Антологија на ромска поезија во Србија.

Двојазичната збирка песни Ak avilam = Еве стигнавме ја објавил во1999 година.

Освоил први места на Републичкиот натпревар за поезија на Ромите и на Меѓународниот натпрева за поезија на Ромите во Будимпешта.

Наводи

Надворешни врски https://www.juznevesti.com/Kultura/Prokupcanin-koordinator-svetske-kulture-Roma.sr.html

Категорија:Ромски писатели Категорија:Српски писатели