Синчец (науч. Centaurea cyanus) — едногодишно скриеносемено растение од семејството главоцветни, домородно во Европа. Се наоѓа по должината на рабовите на шумите, покрај патиштата како плевел, во зеленчуковите градини и полињата со житни култури. мини|Подробен изглед на синчецот
Опис Синчецот е едногодишно растение што расте 40 — 90 см, со сиво-зелени разгранети стебла. Лисјата се копјевидни и долги 1 — 4 см. Цветовите најчесто се со изразена сина боја. Синиот пигмент е протоцијанин, кој во розите е црвен. Цвета цело лето.
Употреба Чај од синчец се употребува за подобрување на апетитот и јакнење на организмот. Ја подобрува функцијата на жолчката и црниот дроб, влијае диуретично поради што се дава при заболувања на уринарните органи.
Синчецот може да се употребува и за промивка на очите, при конјуктивит и блефарит, како и за козметички цели — за освежување и јакнење на кожата.
Наводи __ИНДЕКС__
Надворешни врски
Flora Europaea: Centaurea cyanus UK Biodiversity Action Plan: Centaurea cyanus Briefing sheet on Centaurea cyanus from page
__СОСОДРЖИНА__
Категорија:Различник Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Лековити растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј