Свети Илија — манастирска црква на поранешниот Немањички манастир во селото Немањици, Македонија. Во 2014 година била започната изградбата на нова црква.

Црквата се наоѓа северно од селото, на местото на старото село.

Местоположба

Црквата се наоѓа во месноста Старо Село или Селиште. Околу црквата се наоѓаат стари гробови.

Историја

За црквата нема податоци кога е подигната. Истата била срушена за време на отоманскиот период.

Во 1960-тите години биле останати само надворешните ѕидови високи 2 метри, додека подоцна била видлива само олтарската апсида.

Во ноември 2014 година отпочнала обновата на манастирската црква. Камен-темелникот на новата црква бил осветен од страна на митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Галерија

Поврзано Немањички манастир Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Немањици Немањици Брегалничка епархија Штипско архијерејско намесништво Втора светиниколска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Немањици Немањици Категорија:Немањички манастир