Живојин „Жика“ Павловиќ (15 април 1933 – 29 ноември 1998) — југословенски и српски филмски режисер, писател, сликар и професор. Во своите филмови и романи, Павловиќ ја прикажувал суровата реалност на малите, сиромашни и напуштени луѓе кои се отфрлени од општеството. Тој бил една од најголемите фигури на Црниот бран во југословенската киненамографија во 1960-те, движење што ја прикажувал потемната страна на животот.

Животопис Павловиќ бил роден во Шабац во 1933 година. Кога имал 19 години, започнал да пишува за филмот и уметноста за белградските весници. Дипломирал сликарство на Академијата за применета уметност на Универзитетот во Белград Починал во Белград.

Филмско творештво За своите филмови Павловиќ добил бројни награди, вклучувајќи една „Сребрена мечка“ на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал и неколку „Златни арени“ на Пулскиот филмски фестивал. Филмографија Година Филм Режисер Писател Награди/Забелешки1960Триптих за материјата и смртта„Златна арена“ на филмскиот фестивал во Пула1961ЛавиринтВронзена арена на филмскиот фестивал во Пула, Номинација за „Златна мечка“1962Живи води1963Обрачomnibus1965Непријател1966Враќање1967Кога ќе бидам мртов и белЗлатна арена за најдобар филм на филмскиот фестивал во Пула1967Будење на стаорците Златна арена и најдобар режисер на филмскиот фестивал во Пула, Сребрена мечка за режија во Берлин1969Заседа1970Црвеното класје Најдобар филм и најдобар режисер на филмскиот фестивал во Пула 19701973Летот на мртвата птица1975Песна телевизиска серија1977ХајкаНајдобар филм и режисер на фестивалот во Пула 19771980Догледање до следната војна1983Здивот на телотоНајдобар филм, Режисер и сценарист на филмскиот фестивал во Пула во 19831987На пат за Катанга1992Дезертер2000Држава на мртвитепостхумно

Книжевно творештво За своите книги Павловиќ добил бројни награди, вклучувајќи ги двете НИН-ови награди, и наградата „Исидора Секулиќ“.

Библиографија

Раскази Кривулеста река (1963, 1994) Две вечери на есен' (1967) Цигански гробишта (1972) Убивав бикови (1985, 1988) Кришки на времето (1993) Кал (1999) Дневникот на непознатиот (1965) Ветар во сувата треви (1976) Кругови (1993) Белината на утрешнината (1984) Флогистоњ' (1989) Азбука (1990) Есеи Филм во училишните клупи (1964) Ѓаволски филм (1969, 1996) За одвратното (1972, 1982) Балкански џез' (1989) Дамнешни години (1997) Романи Кукли; Кукли на буништето (1965, 1991) Каин и Авел (1969, 1986) Здивот на телото (1982, 1985, 1987, 1988, 1990) Тие повеќе не постојат (1985, 1987) Ѕид на смртта (1985, 1986, 1987) (НИН-ова награда) Лов на тигри (1988) Ми растело бадем дрво (1988) Панаѓур на Свети Архангел (1990) Трагата на дивечот (1991) Лапот (1992) (НИН-ова награда) Биљна крв (1995) Симетрија (1996) Џолап (1997) Дневници Плуканица полна со крв (1984 забранет, 1990 реиздаден) Отчукувања (1998) Дневници I-VI'' (2000)

Наводи

Категорија:Луѓе од Шабац Категорија:Починати во 1998 година Категорија:Родени во 1933 година Категорија:Српски писатели Категорија:Српски филмски режисери Категорија:Добитници на НИН-овата награда Категорија:Српски мемоаристи Категорија:Југословенски писатели