Јеврем Брковиќ (; 29 декември 1933 — 24 јануари 2021) бил црногорски поет, писател, новинар, дисидент и историчарJevrem Brković .

Биографија Роден во селото Сеоце во близина на Подгорица, Зета Бановина, Кралство Југославија, Брковиќ работел како новинар во Радио Титоград и бил заменик уредник на списанието „Овдје“. Брковиќ го поминал раниот живот во Белград, Србија, тогашен главен град на СФР Југославија.

Во 1975 година бил добитник на наградата „13 јули“, најпрестижната годишна награда на Црна Гора. Додека бил во Белград, Брковиќ промовирал српски национализам, граѓанска непослушност.

Брковиќ бил пријател со Матија Беќковиќ и Радован Караџиќ, иако подоцна станал нивен најсуров критичар. За време на југословенските војни во 90-тите заземал про-црногорскиот став и неговите ставови биле опишани како анти-естаблишмент. Тој исто така бил критичар на режимот предводен од Мило Ѓукановиќ.

Во 1994 година, поради притисокот и политичките прогони, Брковиќ ја напуштил Црна Гора и емигрирал во Хрватска, каде што престојувл некое време. Во 1999 година се вратил во Црна Гора, кога, според неговите зборови, „Црна Гора уште еднаш стана Црна Гора“. Тој бил силен поддржувач на независноста на Црна Гора од државниот сојуз на Србија и Црна Гора.

На 24 октомври 2006 година Брковиќ и неговиот возач и телохранител Срѓан Војичиќ биле нападнати од три вооружени лица. Војичиќ бил застрелан, додека Брковиќ избегал со лесни повреди.

Брковиќ починал на 24 јануари 2021 година на 87-годишна возраст.Jevrem Brković

Творештво

Поезија Заведи Земја на висорамнини Брдскиот Хомер е мртов Кучкини синови Античка магла околу домот Комитски балади Основање и уништување на куќата Озровиќ

Романи Пантелеј на дрен Книжевни луѓе Црни точки Монигрени Каменштаци Дукљански љубовник

Филозофски дела Анатомијата на моралот на сталинист Мински полиња на естетика Уништеното лице на демократијата Речник

Наводи

Категорија:Црногорски писатели Категорија:Луѓе од Подгорица Категорија:Членови на Црногорската академија на науките и уметностите Категорија:Починати во 2021 година Категорија:Родени во 1933 година