Милош Димчев Павчев ( ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Милош Павчев

Животопис Израснат бил во сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Кога бил повикан во бугарската фашистичка војска на отслужување на воениот рок настојувал да избега, но не можел да добие врска со партизаните. Во почетокот на 1944 година избегал од војската и заминал во Врањскиот партизански одред. Подоцна преминал во Третата македоноска ударна бригада, со која учествувал во повеќе борби. На 19 јули 1944 година во борбите против бугарските окупаторски единици кај Глог, во близина на Врање, бил ранет во двете нозе и заробен, а потоа од еден бугарски војник, бил убиен со бајонет. Бил закопан на местото каде што бил убиен.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна