Хавајско-алеутски часовен појас — часовен појас во САД, десет часа зад координираното универзално време (UTC) при стандардно сметање (UTC−10:00) и девет часа зад него при летно сметање (UTC−09:00). Часовничкото време на појасот се води по средното сонечево време на 150. западен меридијан од Гринич.

Часовниот појас е наречен по двете подрачја кои ги опфаќа: Хаваите и дел од Алеутските Острови на Алјаска западно од 169° 30′ ЗГД.

При летно сметање на времето (DST), алјаскиот дел се види по хавајско-алеутското летно време (HDT, UTC−09:00), додека пак Хаваите остануваат на стандардното време, бидејќи таму летното време е укинато во септември 1945 г.

Од 1900 до 1947 г. стандардно време на Хаваите било UTC−10:30.

Француска Полинезија користи UTC−10:00 за поглемите населени места. Истото време важи и на Куковите Острови. Во овие краишта не важи летното сметање на времето. „Хавајско-алеутски часовен појас“ е американски поим и затоа полинезиските подрачја не се сметаат за дел од овој појас.

Најголемиот град во хавајско-алеутскиот часовен појас е Хонолулу.

Поголеми градови Капаа, Хаваи Каилуа-Кона, Хаваи Кахулуи, Хаваи Хило, Хаваи Хонолулу, Хаваи

Други значајни места остров Адак, Алјаска Џонстонов Атол

Поврзано Часовен појас Часовно отстапување

Наводи

Надворешни врски HST — хавајско-алеутско стандардно време HDT — хавајско-алеутско летно време Кои се часовните појаси во САД? — NIST Хаваско-алеутски часовен појас — Корнел

Категорија:Часовни појаси Категорија:Време во САД