UTC+11:30 — часовен појас со отстапување од +11:30 часа од UTC.

Историја Овој часовен појас се користел како стандардно време во Нов Зеланд и на островот Норфолк, но повеќе не се применува никаде.

На 2 ноември 1868 г. Нов Зеланд официјално донел пропис за стандардно време низ целата земја — веројатно првата земја што го сторила тоа. Времето се засновало на меридијанот 172° 30' источно од Гринич, односно 11 часа и 30 минути пред средното време по Гринич. Овој стандард се нарекувал новозеландско средно време (NZMT). Земјата се префрлила на новозеландско стандардно време (NZST) на UTC+12:00 во 1946 г. (користејќи го појасот како летно време од 1928 г. со трајно летно сметање од 1941 г.). Со тоа времето во Нов Зеланд станало 12 часа понапред од UTC.

Норфолшкото стандардно време (NFT) било на UTC+11:30 сè до 4 октомври 2015, кога е сменето на UTC+11:00.

Поврзано Време во Нов Зеланд Време во Австралија

Наводи

Категорија:Часовни појаси

es:Huso horario#UTC+11:30, L†