„До кога браќа мили Македонци“ — македонска народна песна. Песната е посветена на културолошко потиснатите Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Песната има општествен и патриотски карактер.

Текст -До кога браќа, мили Македонци, до кога Грци ќе толчат, со своето верно духовенство милата наша родина?

Зошто вие причина станавте преди двесте години, народната патријаршија со лаги ни ја презедовте!

Каде се нашите писатели, каде се нашите списанија? Сè е, сè е прав и пепел станало од грчка фанариотска слова.

Станете сите браќа Македонци од сите македонски градови и да викнеме сите со глас голем: - Бегајте Грци, не ве сакаме!

Надворешни врски До кога браќа мили Македонци (текст и музика) на pesna.org преку web.archive.org

Категорија:Македонски народни песни Категорија:Македонски родољубиви песни