„До три ми пушки пукнаа“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некои си тројца јунаци кои биле смртно погодени од пушки, и кои биле оплакувани од своите мајки. Песната има општествен и ајдутски карактер.

Текст -До три ми пушки пукнаја, до три јунака паднаја.

До три јунака паднаја, до три ми мајки плакаја.

До три ми мајки плакаја, стојанова мајка највеќе.

- Стани ми синко Стојане, да видиш родна вдовица.

Да видиш родна вдовица, со седум, осум сирака, деветти сирак на лулка.

- Не можам мајко да станам, земја ми лице покрила, змија ми очи испила.

Надворешни врски До три ми пушки пукнаа (текст и музика) на pesna.org преку web.archive.org

Категорија:Македонски народни песни Категорија:Македонски ајдучки песни