ТрансНамиб (англиски: TransNamib) државна железничка компанија на Намибија. Ова претпријатие врши железнички сообраќај во државата, но и нивно одржување. Седиштето на претпријатието е во Виндхук.

Историја Првата локална железничка била создадена во 1895 година за трговски потреби на претпријатието Дамараланд Гуано. Првата јавна железничка линија, и срцевината на денешната железничка мрежа, б била изградена од германска Југозападна Африка (тогашното колонијално име). Врската од Свакопмунд и Виндхук со вкупно 383 км била пуштена во употреба на 19 јуни 1902 година. Оваа железничка инфраструктура подоцна била преземена од Железниците на Јужна Африка по Првата светска војна и ја поврзале намибиската мрежа со јужноафриканската. Со независноста на Намибија се основала ТрансНамиб и денес е во намибиска државна сопственост.

Делување ТрансНамиб одржувала и оперирала со 2883 километри железничка линија. Оттогаш, дополнителни линии биле изградени во северниот дел на државата. Првичната посветеност била на комерцијалниот транспортен сообраќај, но денес и патничкиот е во фокусот на компанијата.

Главни линии и станици

Виндхук-Цумеб/Валвис Беј Железничка станица во Виндхук Окахандја Карибиб Свакопмунд Валвис Беј Омаруру Очиваронго Цумеб Северен дел:Update 2006 re Northern extension Цумеб Ондангва Ошиканго (во изградба, врска со Ангола) Виндхук-Гобабис Виндхук Нојдам Омитара Гобабис Виндхук-Упингтон Виндхук Рехобот Мариентај Малтахехе Гибеон Асаб Цес Кетмансхоп Зехајм Лудериц Карасбург Упингтон, Јужна Африка

Наводи

Надворешни врски Службено мрежно место Историја на ТрансНамиб