Тиски Врв — врв на планината Богословец со висина од 747 м.

Географија и геоморфологија Врвот се наоѓа во средишниот дел на планината, источно од длабокото седло Калиманец (548 м). Врвот има конусест облик и се состои главно од старопалеозојски шкрилци и кварц-профири.

Искачување Најдобра пристапност до врвот има од северната страна. Искачувањето започнува од Гадешка Чешма во југозападен правец до плитко седло на надморска височина од околу 680 м коешто го поврзува со соседниот врв Корија (721 м), од каде што се скршнува на северозапад до самиот врв. Врвот исто така може да се искачи и од селото Богословец, од каде што по земјен пат во југоисточен правец се пристигнува до Гелева Чешма, а потоа започнува пострмно искачување на југ до седлото Калиманец на надморска височина од 548 м, од каде што се скршнува на југоисток до самиот врв.

Поврзано Свети Јовански Рид Корија

Наводи

Категорија:Богословец (планина) Категорија:Врвови во Македонија