Македонија учествуваше на Изборот за песна на Евровизија 2014 во Копенхаген, Данска. Нивниот влез беше избран преку интерен избор, организиран од страна на Македонската радио телевизија (МРТ). Македонија беше претставена со песната „To the Sky“ во изведба на Тијана, која не успеа да се пласира од второто полуфинале и се пласираше на 13-тото место со 33 бодови. Песната ја напишаа Елена Ристеска, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Пред Евровизија

Внатрешен избор На 28 август 2013, МРТ објави дека интерно ја избрале Тијана Дапчевиќ да ја претставува Македонија во Копенхаген за време на вечерната информативна програма МРТ Дневник. Дапчевиќ претходно во неколку наврати се обиде да учествува на Евровизија со натпреварување во неколку македонски национални финални избори низ годините: во 1996 со песната „Ти простувам“ која се пласираше трета, во 2002 со песната „Изгрев“ која се најде четврта, а во 2005 во изборот за преставник. Таа, исто така, се натпреваруваше во националното финале на Србија и Црна Гора во 2006 со песната „Грех“, која се пласираше осма.

Дапчевиќ доби над 50 песни од композитори од балканскиот регион, а најавено беше дека на Евровизија 2014 ќе ја изведе песната „To the Sky“, напишана од Дарко Димитров, Лазар Цветкоски и Елена Ристеска. „To the Sky“ беше претставена пред јавноста за време на специјалното издание на програмата на МРТ Хит на месецот, водена од Марко Марк и Александра Јовановска, што се одржа на 22 февруари 2014 и се емитуваше на МРТ 1, МРТ Сат и онлајн преку официјалната веб-страница на радиодифузерот mrt.com.mk. Во ноември 2013, Дапчевиќ изјави дека ги фаворизира сите три песни добиени од Дарко Димитров, и дека нејзиниот влез на конкурсот ќе се вика „Победа“ (Victory). Сепак, подоцна беше откриено дека тоа е работниот наслов за записот. „To the Sky“ е снимена и на македонски јазик со наслов „Таму кај што припаѓам“.

На Евровизија

мини| Тијана на втората полуфинална генерална проба За време на ждрепката за редослед во полуфиналето на 20 јануари 2014 во Градското собрание на Копенхаген, Македонија беше извлечена да се натпреварува во втората половина од второто полуфинале на 8 мај 2014. Во второто полуфинале, продуцентите на шоуто одлучија Македонија да настапи на 11то место, по Белорусија и пред Швајцарија. Македонија не успеа да се пласира од второто полуфинале и заврши на 13то место помеѓу 15 песни со резултат од 33 поени.

На Тијана Дапчевиќ на сцената и се придружи нејзината помлада сестра Тамара Тодевска, која настапи како придружен вокал. Тодевска претходно ја претставуваше Македонија на Евровизија 2008. Димитар Андоновски и Никола Перевски - Пере исто така и се придружија на Дапчевиќ на сцената како придружни вокали заедно со кореографот и танчер Дејан Коларов. Македонскиот настап ја вклучуваше Тијана како настапува и комуницира со придружниот танчер додека LED екраните проектираа бели подвижни линии и концентрични обрасци.

Во Македонија, и полуфиналето и финалето се емитуваа на МРТ 1, МРТ Сат и Радио Скопје, а коментатор беше Каролина Петковска. Македонскиот портпарол кој го откри резултатот од македонското гласање во финалето беше Марко Марк.

Гласање Табелите подолу прикажуваат преглед на бодови доделени на и од Македонија во второто полуфинале и големото финале на Изборот за песна на Евровизија 2014. Бодовите доделени од Македонија во полуфиналето беа засновани на 100% гласови од жирито поради технички проблеми со телефонското гласање или поради недоволен број валидни гласови дадени за време на телефонското гласање.

Доделени бодови за Македонија + Доделени бодови за Македонија (полуфинале 2) Резултат Земја 12 поени 10 поени 8 поени 7 поени 6 поени 5 поени 4 поени 3 поени 2 поени 1 поен

Доделени бодови од Македонија

+ Бодови доделени од Македонија (Второ полуфинале) Бодови Земја 12 бодови 10 бодови 8 бодови 7 бодови 6 бодови 5 бодови 4 бодови 3 бодови 2 бодови 1 бод

+ Бодови доделени од Македонија (Финале) Бодови Земја 12 бодови 10 бодови 8 бодови 7 бодови 6 бодови 5 бодови 4 бодови 3 бодови 2 бодови 1 бод

Детални резултати од гласањето Следниве членови го сочинуваат македонското жири:

Миланка Рашиќ (претседател на жирито)независен музички/филмски продуцент Валентино Скендеровскикомпозитор, аранжер, инженер за звук, музички продуцент Иван Бечковиќмузички новинар Роберт Билбиловкомпозитор, аранжер, инженер за звук, музички продуцент Маја Трпчановска-Маркованезависен продуцент

+Р. бр.ЗемјаПросечен ранк од жириБодови013323311202955111650326122107404131314131414055146548306494655607141181271108627422100984178471071039692111212891013101131112138111314107111412121511101938 +Р. бр.ЗемјаПросечен ранк од жириРанк од тел. гласањеКомбиниран ранкБодови011719182171812150221206169131112031222179171626230422524222222212405161620142119182106345155314740797122231023808518152211120914269174123651020212562424172211182516411145831219623231017192013231322121921713142415261318232526158311118595616491310341692171081424201561011815110251211201619131421869131120262472626264142112411110210226173813724182371215314823172421087156847252511212025252225261123191916201519

Наводи

Категорија:Македонија во 2014 година 2014